Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Буџет во ДОБРА КОНДИЦИЈА или допрва почнува СТЕГАЊЕ НА РЕМЕНОТ?!

Владата смета дека во моментов не е потребен ребаланс на буџетот, иако повеќе од 200 милиони евра од буџетскиот дефицит веќе е потрошен. Сепак, според министерот за финансии до тоа дошло поради исплатата на субвенциите.

„Буџетот е во рамки на планираните параметри. Исплатата на субвенции за тутун секогаш повлекува повисоки расходи на Буџетот, меѓутоа во текот на останатиот дел од годината ќе има помали расходи, така што засега бројките не бараат никакви пресметки за ребаланс. Доколку има потреба во иднина, како и секоја година, ќе се пристапи кон ребаланс, но засега и приходната и расходната страна се во рамки на планираното“, изјави Ставрески.

Претходно екс гувернерот Гошев за Фактор, велеше дека актуелната политика на расходната страна само ја турка Македонија во нови долгови.

“Со вакво темпо на трошење речиси е невозможно Владата да го оддржи планираниот буџетски дефицит, кој практично значи задолжување. Точно е дека сега се исплаќаат на пример субвенции кои претходно требале да бидат исплатени. По изборите, кога ќе се запре со исплата на субвенции практично се генерира нов долг по овој основ. Токму на ваков начин, со одложување на обврските се “создава скриен“ дефицит кој е поголем. Од друга страна ние, исто како и лани, можеме да се доведеме во состојба во која Владата ќе троши повеќе отколку што е овластена од страна на Собранието. Сметам дека со сегашното темпо на трошење, буџетскиот дефицит и оваа година ќе се продлабочи, а со тоа и долговите на земјата, без разлика дали тоа ќе бидат задолжувања од домашни или од странски кредитори“ – вели за “Фактор“ еден од поранешните министри за финансии и екс-гувернер Петар Гошев.

Буџетскиот дефицит до 19 ти март изнесуваше 207,7 милиони евра. Според министерството за финансии, реализацијата на буџетот е во согласност со планираната динамика.

Во предизборниот извештај на министерството за финансии пишуваше дека со „ваквата реализација на буџетот се обезбеди нормално функционирање на сите институции корисници на средствата од Буџетот и навремено сервисирање и исплата на сите законски обврски. Реализацијата на приходите и расходите на Буџетот на Република Македонија е согласно планираната динамика и истата непречено се одвива согласно ликвидноста на Буџетот. “ – пишува во Предизборниот извештај на Министерство за финансии.

Економистите посочуваат дека за да се одржи планираниот буџетски дефицит од 300 милиони евра или 3,5% од БДП, Владата постизборно ќе мора да силно да го стегне ременот, односно да забави со трошењата.

Извор: Фактор МК

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар