Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Студија за јазот помеѓу сиромашните и богатите во Македонија

Јазот помеѓу сиромашните и богатите во Македонија  е најголем во Европа, а толку големи класни разлики не се забележани ниту во државите од  поранешниот Советски Сојуз. Мнозинството население се повеќе осиромашува, а мал дел од граѓаните стануваат ултрабогати. Ова се дел од анализите на универзитетскиот професор Здравко Савевски, објавени во студијата  „Богатството и сиромаштијата во Македонија“, процеси што Савевски ги следел во изминатите 4 години.

-Класните разлики се до таа мерка големи, што највисоката плата во Македонија е 76 илјади евра месечно, а минималната 8050 денари. Оној што прима минимална плата, за да заработи една месечна највисока плата, треба да работи 48 години. За да заработи две месечни плати, треба да живее 110 години, што е невозможно, вели проф. др. Здравко Савевски. 

За Савевски не држи место оправдувањето дека во Македонија има многу сиромашни,  затоа што е сиромашна државата. Смета дека потребно е да се води  вистинска социјална политика насочена кон  намалување на сиромаштијата. 

- Процесот на осиромашување на сиромашните и збогатување на богатите, не е природен процес, туку е резултат на свесни владини политики, кои можат да бидат про богатите или про сиромашните. Македонија по Устав е социјална држава, а тоа значи дека секоја Влада мора сериозно да се занимава со намалувањето  на сиромаштијата и градењето на Македонија како демократска, но и социјална држава, вели Савевски. 

За него излезот од ваквата состојба, особено намалувањето на сиромаштијата, е во промена на даночниот систем  и користење на буџетски средства за достоинствен живот на сиромашните.  

- Оданочувањето на богатите во Македонија е фрапантно ниско. Толку е ниско, што Македонија,  според податоци на Светскиот  економски форум, е прва земја во светот, во конкуренција од 146 земји според малото даночно зафаќање на газдите. Затоа сметаме дека е потребно да се зголеми персоналниот данок  од плата  кај богатите и да се зголеми данокот на добивка од 10 на 15 проценти, вели авторот на студијата. 

За изготвување на студијата „Богатството и сиромаштијата во Македонија“ се користени официјални податоци од Државниот завод за статистика, УЈП, анализи на Светска банка и други меѓународни организации  кои објавуваат податоци за Македонија. 

Прочитај ја целосната студија

Извор: Телма

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар