Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Акциски план за Отворено владино партнерство 2014-2016

Почитувани,

 

Република Македонија пристапи кон глобалната Инцијатива за Отворено владино партнерство (ОВП) на крајот од 2011 година, а сите земји кои се приклучија кон оваа инцијатива беа должни да достават Акциски планови за спроведување на мерките од Инцијативата. Владата на Република Македонија го усвои Акцискиот план за Отворено Владино партнерство на 1 јуни 2012 година.

 

Отвореното владино партнерство претставува доброволна меѓународна иницијатива која цели кон обезбедување заложби од страна на владите кон своите граѓани, со цел да промовира транспарентност, да го поттикне граѓанското учество, борбата против корупцијата и искористување на новите технологии за да се зајакне доброто владеење.

 

Од сите земји членки на оваа глобална иницијатива побарано е да пристапат кон ревизија на акциските планови, односно изготвување нови за периодот 2014-2016 година.

Процесот на ревизија на Акцискиот план на Република Македонија 2014-2016 година, ќе се одвива во периодот февруари - март 2014 година и тој ќе биде координиран од страна на Министерството за информатичко општество и администрација.

 

Со цел да се обезбеди квалитетен и сеопфатен Акциски план кој ќе ги исполни целите на оваа меѓународна инцијатива, а воедно и да се постигне главната интенција - постигнување партнерски однос меѓу владата, граѓанскиот сектор, компаниите и сите заинтересирани чинители, се упатува јавен повик за активно вклучување и придонес со идеи, предлози и мислења кон изготвувањето на Акцискиот план 2014-2016 година.

 

Консултацискиот процес ќе се одвива на http://e-demokratija.mk/ каде ги очекуваме сите предлози за содржината на Акцискиот план. Предлозите може да се однесуваат кон задржување на постојните или воведување нови цели и приоритети.

 

Тековниот Акциски план е достапен на http://e-demokratija.mk/ и на http://www.opendata.gov.mk/.

 

Односи со јавноста при МИОА, 28 јануари 2014

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар