Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Државниот завод за ревизија ја донесе Годишната програма за работа

Врз основа на член 9 точка 2 од Законот за државната ревизија („Службен весник на Република Македонија бр. 66/10 и 145/10) и член 53 од Правилникот за организација и работа на Државниот завод за ревизија, бр.01-640/2 од 27.11.2010 година, главниот државен ревизор донесе „Годишната програма за работа на Државниот завод за ревизија за 2014 година".

Годишната програма за работа на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за 2014 година ќе се остварува согласно постојната законска рамка утврдена со Законот за државната ревизија (ЗДР).

Изборот на субјектите/проектите/темите за Програмата е извршен согласно член 22 и 23 став 1 од Законот за државната ревизија и Упатството за предлагање на ревизии за годишната програма за работа на ДЗР.

Согласно пропишаните критериуми во Упатството за предлагање на ревизии, ДЗР во 2014 година планира да изврши вкупно 99 ревизии, кои се прикажани во Прегледот на планирани ревизии кој е составен дел на Програмата за работа на ДЗР за 2014 година (Прилог 1).

Извршувањето на Годишната програма за работа на ДЗР за 2014 година ќе се реализира со Акционен план кој е составен дел на Годишната програма за работа на ДЗР. Програма влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се применува од 01.01.2014 година.

Прочитај ја целата програма

Извор: ДЗР

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар