Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

И детската кардиохирургија ли ќе биде во приватни раце?

Клиниката за детска хирургија ќе премине во јавно-приватно партнерство. Односно кардиолошките интервенции кај децата кои ќе се вршат во приватната болница и истите ќе бидат покриени од страна на Фондот. Останува отворено прашањето дали станува збор за јавно приватно партнерство или уништување на јавното здравство?

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека овој систем се планира да функционира до изградбата на новиот Клинички центар со цел да се обезбедат здравствени услуги за пациентите во подобри инфраструктурни услови. Според него, нè станува збор за трансфер на медицинскиот персонал во некоја приватна болница.

Детската кардиохирургија на Клиниката за детски болести беше воведена во 2013 година. Тогаш со тимот на детска кардиохирургија кој го водеше доктор Владимир Чадиковски работеше и правеше обуки истакнатиот американски хирург доктор Вилјам Новик. Доктор Чадиковски пак е единствениот лиценциран македонски детски кардиохирург. Според последните податоци, на Клиниката за детска хирургија досега се направени над 300 кардиохируршки операции на деца. Во неа работат над 20 лекари, а потребата за нов персонал е исклучително висока.

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар