Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Владата го усвои ребалансот на буџетот на РМ за 2018 година

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување добија повеќе пари со најновиот ребаланс на буџетот што го усвои Владата на саботната вонредна седница.

Од Владата соопштија дека ќе се реалоцираат дополнителни средства за овие фондови, за да може непречено да се исплаќаат пензиите и за да можат граѓаните непречено да ги остваруваат правата на здравствена заштита и боледување, како и правото на надомест по основа на невработеност.

Со измените и дополнувањата што ги предлага Владата да бидат усвоени од страна на Собранието, извршено е кратење на приходната страна на Буџетот на Р. Македонија за 2018 година за незначителни 0,5 %, односно за 1 милијарда денари.

Од Владата наведуваат дека постапката за измени и дополнувања на Буџетот за 2018 година, се иницира во овој период за да може да се запазат роковите утврдени со законот за буџети и за негово усвојување во Собранието на РМ до 15 ноември. Но, ова само во случај да не се донесе одлука за вонредни парламентарни избори.

Вкупните приходи/приливи во Буџетот на Република Македонија за 2018 се проектираат на 192,5 милијарди денари, додека вкупните расходи 210,5 милијарди денари.

Со вака направените измени во буџетот на РМ за 2018 година, согласно соопштението на Владата на РМ, дефицитот е незначително понизок во однос на првично проектираниот, односно ќе изнесува 1 милијарди денари помалку од иницијално проектираните. Во однос на бруто-домашниот производ (БДП), буџетскиот дефицит е непроменет и изнесува 2,7 отсто од БДП.

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар