Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Се продлабочува финансиската дупка во ПИОМ

 

Дупката во касата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се` повеке се продлабочува. Најновиот извештај на државната ревизија ја потврдува агонијата во која со години функционира оваа институција.

ПИОМ нема пари затоа што се намалени пензиските придонеси, не се остварени проекциите за зголемување на вработеноста и платите, расте бројот на пензионери, а дополнителна причина за неликвидност се и приватните пензиски фондови. Законот за пресметување и плакање на придонесот, според ревизорите, не обезбедува доволно средства во Фондот па за да може тој да функционира се користат позајмени средства од централниот буџет.

Од година во година ваквата зависност се` повеке се зголемува. Во 2008 година дефицитот во фондовската каса бил на ниво од 6 проценти, а во 2012 година се искачил на 22 проценти,  односно за негово покривање биле исплатени 166 милиони евра. По години, тоа изгледа вака:

2008 год.        6 %

2009             14%

2010             16%

2011             19%

2012             22%

Негативниот тренд на прибирање средства во касата на фондот резлутирала на крајот на 2012 година да не бидат префрлени пари на приватните пензиски фондови, иако законот предвидува можност за доцнење од само 5 дена. Задоцнетото префрлање ги зголемило и долговите кон Фиондот за здравство во висина од 1,4 милиони евра и 280.000 евра  кон солидарниот фонд.

Токму ваквата состојба на ПИОМ често отвора дилеми и во парламентот. Како владата ке го реализира пет процентното зголемување на пензиите особено затоа што од јануари 2014 година ќе се пресметува намалена стапка за придонесите?

Со последниот ребаланс на буџетот за 2013 година, владата ќе префрли 16,8 милиони евра. Вкупните приходи во ПИОМ лани изнесувале 760 милиони евра од кои 59 отсто се придонеси, а 38 проценти,  или 288,8 милиони евра, се средства од буџетот.

Прошитај повеќе: http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=8&item=31747

Извор: Телма

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар