Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

28-ми септември „Меѓународен ден за акција за пристап до безбеден и легален абортус“

По повод овој ден, Здружение ЕСЕ се приклучи кон меѓународната кампања за пристап до безбеден и легален абортус за сите жени и девојки. Преку оваа кампања активистите за сексуални и репродуктивни права во целиот свет ги повикуваат Владите да стават крај на дискриминацијата против жените и девојките и бараат пристап кон безбедни и легални здравствени услуги за абортус, како и споделување на информацијата дека тоа е нивно човеково право.

Одбележувањето на овој ден има особено значење во Р. Македонија оваа година, поради усвојувањето на новиот Закон за прекин на бременоста од страна на Собранието, кој значително го усложнува и го ограничува правото на пристап до здравствените услуги за абортус.

Поради тоа, Владата на Р. Македонија мора да го обезбеди правото на пристап до безбеден и легален абортус. Ова право мора да биде признаено веднаш.

Манифестот на кампањата можете да го преземете тука

Повеќе за кампањата на: http://www.september28.org/

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар