Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Здружението ЕСЕ како членка на Глобалното движење за буџетска транспарентност, отчетност и партиципација го одбележува меѓународниот ден “Право да знам” и бара зголемување на буџетската транспарентност и отчетност во Р. Македонија

 

28 септември, 2013 – Здружението ЕСЕ како членка на Глобалното движење за буџетска транспарентност, отчетност и партиципација (БТОП) го одбележува меѓународниот ден “Право да знам” со цел подигање на свесноста за потребата од унапредување на буџетската транспарентност, отчетност и партиципација во Р. Македонија и светот. Повеќе од 55 граѓански организации од повеќе од 40 земји од светот со децении организираат бројни активности со цел остварување на правото на пристап до буџетски податоци, зголемено учество на граѓаните во процесите на донесување на релевантни одлуки, како и зголемена отчетност од државните институции.

Пристапот до информации е основно човеково право. Согласно член 19 од Универзалната декларација за човекови права: “Секој има право на слобода на мислење и изразување; ова право го вклучува правото на сопствено мислење без никакви пречки и правото на барање, добивање и соопштување на информации и идеи преку сите медиуми независно од границите”. Дополнително, државните буџети се полнат преку јавните давачки кои ги плаќаат граѓаните и преку приходите кои  се обезбедуваат од други извори.

Во Р. Македонија најголемиот процент од приходите во буџетот доаѓаат од даночни извори и тоа најмногу од данокот на додадена вредност (кој го плаќаат граѓаните) и придонесите (кои се плаќаат од граѓаните), а само мал дел од буџетските приходи доаѓаат од неданочни или капитални извори.

Па така, ЕСЕ верува во тоа дека учеството на граѓаните во одредувањето на буџетските приоритети и распределбата на буџетските средства, е нивно основно право и обврска.  

Како резултат на ова, ЕСЕ ја повикува Владата, пратениците и меѓународните институции да се придржуваат кон следните принципи:

  • Државниот буџет мора да биде достапен, што значи дека сите информации кои се однесуваат на начините на кои јавните средства се прибрани, распределени, потрошени и пресметани треба да се достапни за пошироката јавност и тоа навремено и на разбирлив начин;
  • Буџетскиот процес мора да биде инклузивен, овозможувајќи отворени и широки можности за сите граѓани да го остварат своето право да знаат, учествуваат и влијаат врз одлуките кои се однесуваат на прибирањето, распределбата и менаџирањето со јавните средства.
  • Буџетските информации мора да бидат точни, да се базираат на јавни проценки и да обезбедат дека владите ги трошат јавните средства за приоритетните цели за кои се одобрени, со што се придонесува кон намалување на можноста за одливи, корупција и неефикасност.
  • Буџетите мора да бидат сеопфатни, опфаќајќиги сите приходи и расходи, независно од нивниот извор – вклучително и меѓународната помош, приходите од претпријатија кои ги поседува државата или пак во кои има удел и приходите од менаџирањето на домашниот и надворешниот дог.


Прочитај повеќе ...

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар