Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

На Собранието на РМ му е потребен добар план и распоред да стаса навремено да одговори на предлозите на Владата на РМ (предлог завршна сметка, предлог ребаланс на буџет, предлог буџет, фискална стратегија и извештај за состојбата на јавниот долг)

Владата на РМ за време на минатиот викенд (21 – 22 септември 2013 година) до Собранието на РМ, достави: предлог завршна сметка за 2012 година; предлог ребаланс на буџетот за 2013 година; предлог буџет за 2014 година; фискална стратегија 2014 – 2016 година; извештај за јавен долг за 2013 година и предлог закон за извршување на буџетот за 2014 година.

Медиумите и експертите жестоко дебатираат за оваа постапка на Владата на РМ, како  и за содржината на погоре споменатите документи. Завршната сметка и Предлог измен ите и дополчнувањата на Законот за извршување на буџетот за 2013 година, сеуште не е јавно достапна.

Исто така, изненадува времето на поднесување на одредени предлози на буџетски документи. Освен предлог на ребалансот на буџетот за 2013 година, сите останати се поднесуваат во период кој не е во согласност со досегашната пракса. Имено, Владата на РМ вообичаено ги поднесува овие предлози во крајните рокови утврдени со Законот за буџети и временската рамка за преземање на потребните чекори во процесот на буџетирање (Буџетскиот календар), што не е случај овој пат.

За споредба Ви ги презентираме роковите за подготовка и доставување на буџетски документи утврдени со буџетскиот календар:

- завршната сметка на централниот буџет Владата треба да ја подготви и достави до Собранието на РМ најдоцна до јуни тековната година за претходната година;

-  Министерството за финансии треба да подготви, а пак Владата на одобри фискална стратегија до 15 април тековната година за наредните три години;

-  Министерството за финансии треба да достави буџетски циркулар до секој буџетски корисник најдоцна до 15 јуни тековната година;

- Секој буџетски корисник треба да достави до Министерството за финансии консолидиран предлог буџет за секторот во кој работи најдоцна до 15 август тековната година за наредната календарска година;

- Министерството за финансии го подготвува предлог буџетот на државата во текот на октомври тековната година за наредната година;

- Министерството за финансии до Владата на РМ го доставува подготвениот предлог буџет најдоцна до 1 ноември тековната година;

- Владата на РМ го разгледува предлог буџетот во периодот од 1 до 15 ноември и го доставува до Собранието на РМ;

- Собранието го донесува буџетот најдоцна до 31 декември тековната година за наредната година.

Исто така, согласно Законот за буџети и Буџетскиот календар Министерството за финансии доставува буџетски циркулар до општините до 30 септември тековната година за наредната година.

 

Во прилог Ви презентираме ранг листа на министерства и министри според големина на добиен буџет и според приоритетни области на Владата на РМ за наредната година:

ПРВО МЕСТО:

 

Диме Спасов од ресорот труд и социјала, следната година ќе менаџира со најмногу пари.

Во предлог-Буџетот за догодина за ова министерство планирани се 548 милиони евра.

„Клучни развојни проектиЗа инвестиции во детски градинки и одморалишта 516 илјади евра; За реконструкција и опремување на постоечките објекти за социјална заштита -392 илјади евра; За поттикнување на вработувањето – 3,7 милиони евра;

ВТОРО МЕСТО

Втор на листата со најмногу пари во министерската каса е Спиро Ристовски. Министерството за образование на располагање за следната година, според предлог-Буџетот ќе има 365 милиони евра.

Клучни развојни проекти: За опремување на лаборатории – 7 милиони евра;За превод на книги од реномирани автори – 2,4милиони евра;За изградба и реконструкција на основни училишта – 3 милиони евра;Изградба на училишни спортски сали во основни училишта – 5,6 милиони евра;Изградба и реконструкација на средни училишта – 1,2 милиони евра; Изграба и реконструкција на спортски сали во средни училишта – 1,8 милиони евра;Реконструкција на ученички домови- 49 илјади евра;Изградба и реконструкција на студентски домови- 997 илјади евра; Бо буџетот на Агенцијата за млади и спорт дополнително за изградба на спортски објекти планирани се 5,5 милиони евра“

ТРЕТО МЕСТО

За Министерството за внатрешни работи со кое раководи Гордана Јанкуловска следната година се превидени 160 милиони евра.

„Клучни развојни проекти: Реформи во полицијата – 11,6 милиони евра; Реконструкција и опремување  на згради – 553 илјади евра“

ЧЕТВРТО МЕСТО

Министерот Никола Тодоров, од ресорот здравство, според предлог-Буџетот за следната година ќе располага со 102 милиони евра.

„Клучни развојни проекти: Реконструкција и доградба на објектите на ЈЗУ во РМ – 9,5 милиони евра; Медицинска опрема – 16,7 милиони евра; Изградба на амбуланти во руралните подрачја – 33 илјади евра; Имплеметација на здравствена картичка – 927 илјади евра; Изградба на дијагностички центар во болницата во Тетово- 650 илјади евра; Изградба на ПЕТ центар – 2,9 милиони евра;“

ПЕТТО МЕСТО

За ресорот одбрана со кој раководи министерот Талат Џафери, за следната година предвидени се 95 милиони евра.  Најголемиот дел од вкупниот Буџетот на министерствотоз а одбрана е наменет за функционирање, обука и логистика на АРМ . За оваа намена ставката е 68 милиони евра.

„Клучни развојни проекти: Модернизација на министерство за одбрана – 114 илјади евра; опремување и модернизација на АРМ -2,9 милиони евра; изградба и реконструкција на објети- 846 илјади евра; Интерграција во НАТО- 5,2 милиони евра“

ШЕСТО МЕСТО

Министерот Миле Јанакиески, кој раководи со министерството за транспорт и врски, догодина ќе менаџира со 57 милиони евра.

„Клучни развојни проекти: Железница 20,3 милиони евра; Гасификација – 4,1 милиони евра, Водовод, канализација – 10,9 милиони евра; Автобуси -5,2 милиони евра; Пат до Трескавец и Зрзе – 2,3 милиони евра; Нова зграда – 3 милиони евра; 

СЕДМО МЕСТО

Касата на првиот финансиер во земјава, министерот Зоран Ставрески, догодина ќе биде тешка 31 милиони евра. Третина од неговиот буџет ќе биде наменет за изградба на зградата на министерството.

„Клучни развојни проекти: Доизградба на зградата на министерството – 12,2 милиони евра; проект за подобрување на општинските услуги -10 милиони евра;“

ОСМО МЕСТО

Министерот Никола Поповски кој раководи со министерството за надворешни работи следната година на располагање ќе има 19,8 милиони евра.

ДЕВЕТО МЕСТО

За министерството за земојделие, со кое раководи министерот Љупчо Димовски, за следната година се превидени 19 милиони евра.

„Клучни развојни проекти: Хидросистем Злетовица – 7,5 милиони евра; Хидросистем Лисиче – 102 илјади евра;Програма за анводнување на Јужна Долина Вардар -1,6 милиони евра;“

ДЕСЕТО МЕСТО

Министерството за економија, кое е во рацете на министерот Ваљон Сарачини догодина на располагање ќе има 12,3 милиони евра.

„Клучни развојни проекти: Македонско село- 1 милион евра; Поддрша на развојот на мали и средни претпријатија -204 илјади евра; Но, ќе продолжат активностите за доуредување на ТИРЗ Скопје 1 и ТИРЗ Скопје 2, изградба на ТИРЗ Штип, Кичево, Прилеп и Гевгелија, изработка на проектна документција за инфрастуктура за ТИРЗ Ранковци, Струмица, Стругаи Радовиш за што се предбидени – 8,2 милиони евра.“

ЕДИНАЕСЕТО МЕСТО

Абдулаќим Адеми кој го менаџира министерството за животна средина – следната година ќе има Буџет од 9,5 милиони евра.

„Клучни развојни проекти: Каскадни прегради на река Вардар – 1,2 милиони евра;“

ДВАНАЕСЕТО МЕСТО

Министерот за правда, Блерим Беџети, догодина ќе менаџира со буџет тежок 7,1 милиони евра.

„Клучни развојни проекти: Реформи во судството -1,5 милиони евра; Реформи во казнено поправните установи -3,5 милиони евра; За Дојрандко езеро -731 илјада евра;“

ТРИНАЕСЕТО МЕСТО

Министерката за култура, Елизабета Канчевска–Милевска, следната година на располагање ќе има 6,4 милиони евра. Помалиот буџет е резултат на финиширањеето на проекто Скопје 2014 – кој во претходните години главно се финасираше преку Буџетот на ова министерство. Канческа Милевска, догодина ќе има на располагање 547 илјади евра за Управта за заштита на културно наследство, 1,6 милиони евра за Скопско, Тетовско и Виночко Кале, потоа – 1,5 милиони евра за Универзитетот на Св.Климент кај Плаошник, како и 650 илјади евра за Археолошки локалитети.  Министерството за култура догодина ќе има и 188 илјади евра за национални пензии за националните уметици во културата.

ЧЕТИРИНАЕСЕТО МЕСТО

Министерот Иво Ивановски, догодина според предлог –Буџетот ќе располага со сума од 6,1 милиони евра.

„Клучни развојни проекти: Развој и имплементација на ИКТ – 3 милиони евра;“

ПЕТНАЕСЕТО МЕСТО

Касата на министерството за локална самоуправа со кое менаџира Тахи Хани, следната година ќе биде тешка 5,7 милиони евра.

Клучни развојни проекти: За прекугранична соработка – 960 илјади евра; Рамномерен рехионален развој – 960 илјади евра;

ШЕСНАЕСЕТО МЕСТО

Секретаријатот за европски прашања, кое е во рацете на Фатмир Бесими – следната година на располагање ќе има 1,5 милиони евра.

 

Ранг листата е превземена од Фактор МК

Прочитајте повеќе на:

http://faktor.mk/archives/73337

http://faktor.mk/archives/73311

 

 

 

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар