Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

4,6 милијарди долари кои ги обезбедиле послушните граѓани, непослушно се одлеале од Македонија

 

Во Извештај за јули и август 2013 година на Транспарентност Македонија се вели дека:

“Од отчетот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) во Годишниот извештај за  2012 г. , се констатира дека таа година биле извршени помалку ревизии во споредба со 2011 г. Со ревизијата биле констатирани 87 наоди во 35 ревизорски извештаи за користење на средства спротивно на законските прописи, 153 наоди во 53 ревизорски извештаи за неусогласеност со законската регулатива, што упатува на груба повреда на законите, за што треба да следува и соодветна одговорност. Меѓутоа, наспроти ваквите констатации за непочитување на законите и незаконско користење на средства што претставува кривично дело, ДЗР до Јавното обвинителство доставил само три ревизорски извештаи поради основано сомневање за сторено кривично дело и еден извештај до другите државни органи - Финансиска полиција, УЈП, ДКСК – но не ја искористил законската можност од чл. 49, во врска со чл.48, од Законот за кривична постапка (ЗКП) самиот да поднесе кривична пријава.”

 “Проверката на имотната состојба на избраните и именувани функционери и други службени лица има за цел спречување на злоупотреба на функцијата и незаконско збогатување за време на вршење на истата или при извршување на службената должност. Ваква обврска согласно Законот за спречување на корупцијата (ЗСК) има Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Меѓутоа, наспроти законската дефиниција за независна и самостојна Комисија во извршување на функцијата, во своето досегашно функционирање овој орган  покажа висок степен на пристрасност и селективност при проверката на имотната состојб а и покренување на постапка за повреда на ЗСК во зависност од тоа дали се работи за функционери од власта или од опозицијата. “

 “Истражувањата на реномираниот хрватски Институт Адријатик за јавна  политика покажува дека во периодот 2001-2010 г. неверојатни 4,6 милијарди долари од кои најголем дел во последните неколку години (или 44% од БНД) незаконски биле изнесени од Република Македонија,по основ на криминал, корупција и даночно затајување од страна на политичари. Овој износ е шоканетен ако се земе предвид сѐ поголемиот процент на сиромашни граѓани во земјата, катастрофално ниското ниво на странски инвестиции и економското фијаско во водењето на стопанската политика во земјата што делумно е резултати на индициите за незаконско и дрско посегање по парите на граѓаните. ТМ прашува дали во овие одлеани милијарди долари се одржани и средствата од неколкукратно преплатените споменици и објекти од мегаломанскиот проект „Скопје 2014“, проследен со баснословни авторски хонорари и други трошоци ? Дали во одлеаните пари спаѓаат прескапо  платените автобуси; компјутерите за секое дете; повеќекратно поскапата опрема за здравството; десетиците милиони евра потрошени за „засадување на иднината“; бројните бесмислени рекламни кампањи на Владата; лошите преводи на  стотици странски книги кои не се користат; стотиците милиони евра годишно за увоз на скапа електрична енергија, наместо вложување во изградба на домашни капацитети; разните субвенции  во земјоделството, иако тоа од година во година дава сѐ полоши резултати;  и  бројни  слични проекти од големите „реформи“ на Владата? Всушност, ТМ бара од надлежните органи, посебно од  Управата за спречување на перење пари и финансирање тероризам, Финансиската полиција,Управата за јавни приходи, Јавното обвинителство и она за организиран криминал, ДКСК и органите за прогон од Министерството за внатрешни работи да се обидат да одговорат на едноставното прашање: КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?”

Во извештајот Транспарентност Македонија зборува за кампањата на Владата на РМ за намалување на невработеноста со вработувањана 1600 лица во ЈП Македонски шуми, влез на странски инвестиции, криминално одлевање на парите на граѓаните надвор од државата итн.

Прочитај го целиот извештај на следниот линк

  Извор: Транспарентност Македонија

 

 

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар