Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Владата на РМ е најголем финансиер на комерцијалните телевизии и најголем огласувач во Р. Македонија

 

Владата лани била најголем огласувач, а со тоа и најголем финансиер на комерцијалните телевизии на кои се емитувале нејзините реклами, покажува последната економска анализа на Советот за радидиодифузија за 2012 година.

На табелата со првите 50 огласувачи, Владата е на прво место со 4,03 проценти удел.

Тоа е прилично зголемување на рекламирањето на Владата во однос на 2011 година кога беше на четврто место со 2,5 проценти удел во огласувањето. Вредностите се пресметани, кога цените на рекламирање се помножени со времетраењето на рекламните спотови.

Според анализата, четирите телевизиски станици Сител, Канал 5, Телма и Алсат-М, минатата година оствариле приходи од 1210, 15 милиони денари, а речиси половината од вкупните приходи остварила ТВ Сител (48,52%) а значајно учество имале и приходите на Канал5 (29, 87%). Од оваа сума од 1210,15 милиони денари, 90 проценти се од отстапување на рекламен простор. Сител остварила 586, 61 милиони денари или безмалку 10 милиони евра. ТВ Канал 5 прикажала 276, 78 милиони денари, односно околу 4, 5 милиони евра.

ТВ Алсат-М околу 2, 4 милиони евра и ТВ Телма нешто над 1,26 милиони евра која имала најмалку приходи од реклами или само 7, 1 проценти. Најдобар резултат од работењето има ТВ Сител која остварила добивка од 137, 74 милиони денари односно 2, 2 милиони евра. Од сателитските телевизии, најголеми приходи има ТВ Алфа, 95, 27 милиони денари или нешто над 1,5 милиони евра, потоа НАША ТВ со 700 илјади евра, ТВ Канал плус со 600 илјади евра, односно овие три сателитски телевизии оствариле 94, 64 % проценти од приходите од телевизискиот пазар. ТВ 24 вести остварила приход од 6. 820 000 денари или околу 111 илјади евра.

Само Наша ТВ и ТВ Канал плус прикажале добивка, додека останатите четири сателитски телевизии (ТВ 24 вести, ТВ Сонце, ТВ Сител 3 и Алфа ТВ) имале загуба. Наша ТВ имала загуба од 33, 49 милиони денари односно пола милион евра. Најатрактивна за огласувачите од регионалните телевизии била ТВ ЕРА која по оваа основа прибрала средства од 15, 52 милиони денари, односно 250 илјади евра, но највисока добивка остварила ТВ БТР од 0,88 милион денари, односно 14 илјади евра. Добивка оствариле и ТВ ЕРА, ТВ Шутел, ТВ Амазон, и ТВ МТМ.

 

 

Извор: Фактор Мк

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар