Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Владата потрошила 80% од буџетскиот дефицит

 

Поголеми буџетски приходи и расходи објави министерството за финансии во јуни во однос на мај. Заклучно со првата половина од годината, според податоците потрошен е 80% од буџетскиот дефицит. Од вкупниот буџетски дефицит проектиран на 287 милиони евра, заклучно со јуни се потрошени 230 милиони евра, што претставува 80% од планираниот дефицит. Во јуни во однос на мај буџетските приходи се зголемиле за 6 милиони евра, додека кај буџетските расходи има пораст од 10 милиони евра. Анализата на бројките за приходите од даноци покажаува дека во однос на мај помалку пари се слеале од ДДВ, персоналниот данок и узвоните давачки, додека пораст е регистран кај данокот на добивка и кај акцизата. Брзото темпо на трошење на буџетскиот дефицит, според дел од економистите ќе биде причина за евентуален есенски ребаланс на буџетот. Владата за годинава проектираше дефицит од 3,5 проценти од БДП и засега останува на ставот дека нема да го продлабочи. Меѓународните финансиски институции веќе повикаа за се намали минусот и да се забави со зголемување на јавниот долг.

 
Извор: 24 Вести

 

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар