Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Соопштение - Мрежа за Заштита од Дискриминација 19.07.2013

Мрежата за заштита од дискриминација вчера, 18 јули 2013 година, до Основното jавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против СКОПЈЕ СИТИ МОЛ и одговорните лица во овој трговски центар, поради постоење на основано сомнение дека го сториле кривичното дело Расна и друга дискриминација. Кривичната пријава е поднесена со цел да се спроведе истрага за конкретниот случај, да се истражи вистинитоста на наводите за сторена дискриминација врз основа на расна и етничка припадност, да се покрене постапка пред надлежен суд со цел казнување на сторителот на кривичното дело.

 Иако од денот кога за случајот СКОПЈЕ СИТИ МОЛ се дозна преку медиумите, (19.03.2013 година) до денеска изминаа скоро 4 месеци, во јавноста сѐ уште нема  одговор дали јавното обвинителство го истражи случајот и поведе постапка со која би се утврдило сторувањето на наводната дискриминација.

Мрежата за заштита од дискриминација, со соопштението од 22 март, остро го осуди настанот во трговскиот центар СКОПЈЕ СИТИ МОЛ, чие раководство преку електронска пошта испратена до фирмата „Ланд сервис“, на 9-ти Јануари 2013 година, побара лицата припадници на ромската заедница да не бидат ангажирани на работни задачи за одржување на хигиената во одделот за храна. Потенциравме дека надлежните институции, вклучително и јавното обвинителство, треба да го истражат овој случај, поради тоа што постојат сериозни сомневања дека од страна на одговорните лица во СКОПЈЕ СИТИ МОЛ е сторена директна диксриминација

врз расна и етничка основа со која се повредува личниот и моралниот интегритет, достоинството и угледот на лицата Роми, вработени во „Ланд сервис“ и нивната приватност и правото на достапност на секое работно место под еднакви услови.

Исто така, сакаме да истакнеме дека институциите надлежни за утврдување на дискриминација во конкретни случаи имаат обврска да ги следат и почитуваат одлуките на Европскиот суд за човекови права (Судот). Имено, Судот е особено ригиден во поглед на дискриминацијата врз основа на раса или етничка припадност и наведува: „разликата во третманот која исклучиво или во пресудна мера се заснова на етничкото потекло на едно лице не може да биде објективно оправдана  во едно современо демократско општество кое е изградено врз начелата на плурализам и почитување на различните култури.“

Покрај барањето до јавното обвинителство за спроведување истрага и за поведување судска постапка, Мрежата упатува барање за постапување и до Комисијата за заштита од дискриминација, која треба да ја извести јавноста дали има поведено постапка за утврдување на дискриминација и каков е исходот од постапката.

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар