Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Владата денес ќе ја задолжи државата со нови 18,8 милиони евра

 

Преку издавање на четири пакети државни хартии од вредност, Владата денес ќе ја задолжи државата со нови 18,8 милиони евра. Како што информираат од Министерството за финансии, планирано е да се издадат два пакета од двегодишни државни обврзници, еден пакет петгодишна обврзница и еден пакет шестмесечни државни хартии од вредност.

Веќе, в среда, државата треба да исплати вкупно 18,8 милиони евра за достасан долг.

Планирано е да се продаде двегодишна државна обврзница, без девизна клаузула во износ од 10,7 милиони евра, како и двегодишна обврзница со евроклаузула, со износ од 1,6 милиони евра.

Петгодишната државна обврзница која оди на аукција е заштитена со евроклаузула, а е во вкупен износ од 2,9 милиони евра.

Ќе се продаваат и шестмесечни државни хартии од вредност, со евроклаузула, во вкупен износ од 3,6 милиони евра.

Извор: Фактор МК

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар