Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Ракот на дојка може да убие 3.5 милиони жени во 2030 година

Ракот на дојка може да убие 5,5 милиони жени секоја година во светот во 2030 година. Тоа претставува зголемување од 60 отсто во однос на 2012 година. Причината е стареењето на популацијата, информира еден извештај на Американското здружение за канцер објавено неделава на Светскиот конгрес за канцер кој одржува состанок во Париз.

Во еден друг извештај, на медицинската ревија “The Lancet”, специјалистите предупредуваат дека во 2030 година бројот на жените со дијагностициран рак на дојка ќе се дуплира и ќе изнесува 3.2 милиони годишно. Во последните години таа бројка беше 1,7 милиони.

Извештајот смета дека e потребна поголема едукација и превенција за да се намалат смртните последици од оваа болест која убива пред се во земјите во развој.

“Проблемот со оваа болест се зголемува во земјите со мал стандард и сиромаштија поради зголемувањето и стареењето на популацијата”, вели Сали Ковал од Американското здружение.

Ова зголемување е поврзано со “зголемувањето на веќе познатите фактори на ризик врзани со брзата економска транзиција како физичката неактивност, лошата исхрана, дебелината и репродуктивните фактори” како на пример раѓањето прво дете на постара возраст.

http://novatv.mk/rakot-na-dojka-mozhe-da-ubie-3-5-milioni-zheni-vo-2030-godina/

Извор: Нова ТВ – 03.11.2016

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар