Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Ново задолжување за раздолжување од 31,8 милиони евра, деновиве – раздолжувања

Владата се задолжи за 31,8 милиони евра кај домашните кредитори на денешната  акуција на државни хартии од вредност.

Вчера се вратија 29 милиони евра, а утре 1,8 милиони евра.  Од Министерството посочија дека овие пари се за раздолжување.  По денешното задолжување, реагираше дополнителниот заменик министер Кире Наумов.

„Министерот за финансии самиот си го демантираше вчерашното соопштение од Министерството. Министерот за финансии со последните две аукции го зголеми јавниот долг за нови 12.7 милиони евра. Кирил Миноски изминативе седум дена ги задолжуваше граѓаните со по 1.8 милиони евра на ден, што е далеку од приближување на нето долгот кон нула на неделна основа, како што тврдеше. Ова власт зад себе ќе остави 5 милијарди евра долг на товар на граѓаните.“ - изјави Наумов.

Министерството за финансии реагираше на ставот на Наумов.

„Дополнителниот заменик министер е запознаен дека доколку поради поголема побарувачка на државните хартии од вредност на пазарот на капитал – кои се најсигурни хартии од вредност и за кои има голем интерес, се запише поголема сума од доспеаната за враќање, истите ќе се стават на депозитната страна за следната година.“ - велат од Министерството за финансии.

Во последниот извештај Светска банка нотира дека веќе пет години владата проектира помал дефицит, додека во пракса  постојно се зголемува буџерскиот минус.

Од Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“ сметаат дека главен ризик за изнесените економски проекции во самата стратегија, е колку овој документ ќе се почитува, ако се има во предвид претходната Фискална стратегија 2016-2018 година, која во голема мера беше промашена.

„Со оглед на целосното промашување на претходната Фискална стратегија 2014-2016, останува перцепцијата дека главниот ризик сврзан со позитивните намери на носителите на економските политики изложени во Фискалната стратегија 2017-2019, е ризикот сврзан со нејзиното непочитување. Оттука, Finance Think апелира овој документ да се почитува и спроведува доследно, и најавува дека ќе учествува во мониторирањето на тој процес“, велат од Finance Think. Според Министерството за финансии заклучно со јуни јавниот долг на државата изнесува 45 отсто од бруто домашниот производ. Според нивото на јавен долг, Македонија е во групата на умерено задолжени економии додека според бруто надворешна задолженост, Македонија се вбројува во  високо задолжени економии.“

Извор: 24Вести – 18.10.2016

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар