Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Пратениците го изгласаа Буџетот за 2017

Со 72 гласа „за“ и 37 „против“, пратениците го изгласаа Буџетот за 2017 година. Наместо максимум 5 дена колку што се предвидува, расправата на Буџетот заврши експресно со само два часа дискусија. Се одвиваше без реплики и на неа говореа координаторот на паратеничката група на опозицијата, Горан Сугаревски, Крсто Муковски од ВМРО-ДПМНЕ и Орхан Ибраими од ДПА. Според министерот за финансии Кирил Миновски, со овој документ ќе се поттикне економската активност на земјата, бидејќи приоритет ќе биде поддршката на приватниот сектор. Ставот на опозицијата беше дека буџетот има единствена цел корупција на гласачите. Кој верува на ова што го зборувате, праша Сугаревски, народот тоне во сиромаштија, а ништо во земјата не е изградено без кредит. Според Муковски пак, со буџетот за 2017 растот на економијата ќе биде 3%, ќе се обезбедат повеќе пари за капитални инвестиции. Енергијата рече тој, треба да се насочи во стабилизирање на државниот долг, на остварување раст од 3% за да можат граѓаните тоа да го осетат на животниот стандард.

http://telma.com.mk/vesti/pratenicite-go-izglasaa-budzhetot-za-2017

Извор: Телма ТВ – 17.10.2016

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар