Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

ХОПС: Со кратење на парите,државата е одговорна доколку букне ХИВ/СИДА

Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија од 2017 го прекинува финансирањето на превентивните програми за ХИВ во Македонија. Во исто време, Владата на РМ и Минисерството за здравство го скратија буџетот на Програмата за заштита на населението од ХИВ/СИДА во Македонија на само 27 милиони денари од неопходните 65 милиони денари.

Глобалниот фонд го прекинува финансирањето бидејќи Македонија се декларира како средно развиена земја каде годишно има повеќе од 3200 евра по глава на жител.

Со кратењетои на буџетот, доколку поради недостиг на финансиски средства згаснат Програмите за превенција, постои опасност да се зголеми стапката на заболени од СИДА и ТБЦ, предупредуваат од невладиниот сектор.

„Грантот завршува до крај на оваа година, но ние побаравме Глобален фонд да го продолжи проектот до јуни 2017, без дополнителни средства, со парите што останаа од годинава. Со овој буџет што го додели Владата, ќе се затворат сите превентивни сервиси за ранливи групи за ХИВ. Ова значи дека одговорноста ја сноси државата доколку ескалира болеста“, изјави за НОВА, Христијан Јанкуловски извршен директор на ХОПС.

Почнувајќи од 2004-та година наваму, Македонија аплицирала и добила три гранта за ХИВ/СИДА и два за туберколоза. За превенција и справување со овие болести државата досега добила вкупно 30 милиони евра. Според податоците од невладиниот сектор само за превенција на ХИВ/СИДА годишно се трошат од 800 000 до еден милион евра, донаторски средства од „Глобал фонд“.

Со овие средства се набавуваат шприцови, игли, се врши дистрибуција на кондоми на сексуалните работници и ризичните групи, се прави едукација, се печатат материјали за превенција и едукација.

Доколку Македонија не изнајде начин како ќе ги финансира превентивните програми против овие опасни болести, постои опасност да букнат на овие простори, а државата да не може да се справи со нив.

Менче Атанасова Точи

http://novatv.mk/hops-so-kratene-na-parite-drzhavata-e-odgovorna-dokolku-bukne-sida/

Извор: Нова ТВ – 05.10.2016

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар