Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Извештај на Светска Банка: Македонскиот пензиски фонд доведен во опасност

Пензискиот систем е во опасност. Од Светската банка посочуваат дека расте притисокот врз Фондот и дека има опасност и на среден и на долг рок. Меѓу причините за ова се и новите вработувања со последните владини мерки, пренесува Алсат-М.

„Практично 89 отсто од ново креирани работни места се со фискален стимул. Имате работни места кои се креираат каде работодавецот е ослободен од плаќање на социјални придонеси и слични давачки“, вели Бојан Шимбов, Светска банка.

Според податоците од јули минатата година до јули годинава имало 21 илјада ново вработени, но 18.700 работни места се стимулирани од Владата.

Фискалната стимулација значи и помали приходи во ПИОМ, а кусокот се пополнува со буџетски пари. Со Буџетот за 2017 оваа сума изнесува 452 милиона евра или фантастични 45 отсто од парите потребни за исплата на тековните пензии.

Ова е само еден дел од денешниот извештај на Светската банка, кој според впечатокот, е невообичаено покритичен од претходните. Минатите неколку години иако Владата не се придржуваше до своите фискални стратегии за намалување на буџетскиот дефицит, тоа, дури оваа година, Светската банка го посочи како проблем.

„Имаме веќе петта година најавена фискална консолидација, која сепак не се остварува“, додава Шимбов.

Инаку, во извештајот, од сите земји во регионот, Македонија стои најлошо. Годинава ќе имаме најмал економски раст од само 2 насто. Вкупниот јавен долг пак, до 2018 се очекува само да расте и да биде 54,1 отсто од бруто – домашниот производ.

Годинава економијата бележи раст само поради инфраструктурните проекти. Да не се градеа патиштата, растот ќе беше минимален и ќе изнесуваше 0,9 насто.

За да се подобри економијата, Светската банка препорача скорешно завршување на политичката криза, намалување на фискалниот дефицит, намалување на јавниот долг и структурни реформи.

http://www.libertas.mk/izveshtaj-na-svetska-banka-makedonskiot-penziski-fond-doveden-vo-opasnost/

Извор: Либертас – 27.09.2016

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар