Откако вчера беше доставен до Собранието предлог буџетот на Владата за 2017 година, денеска веќе е закажана првата седница на матичната комисија. Комисијата за финансирање и буџет, владиниот предлог ќе го разгледува во среда на 28-ми овој месец.
Демократскиот сојуз денеска со предлог - буџетот да се донесе после изборите. Според партијата на Павле Трајанов во услови кога има преодна-техничка влада, како и утврден датум на парламентарните избори ова претставува добро осмислена стратегија за блокада на изборните активности и насочување на расправата кон крајно популистички и клиентелистички буџет. Според опозициската СДСМ техничката влада не треба да носи сериозни акти како што е буџетот, туку 2017 година да се почне со времено финансирање. Сепак овој модел, како што истакна министерот Кирил Миноски е неприфатлив, бидејќи тој се користи кога нема услови да се донесе буџет и има многу негативни аспекти.
Извор: Телма ТВ – 21.09.2016