Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Изгласан вториот ребаланс на буџетот – 35 милиони евра за граѓаните погодени од поплавите

Пратениците со со 82 гласа за, гласаа за ребалансот на буџетот, со кој се предвидени 35 милиони евра за обесштетување на граѓаните од поплавените подрачја во Скопје и Тетово.  Министерот за финансии, Кирил Миновски изјави дека Владата донела одлука целосно да ги обесштети погодените семејства од поплавите од 6 август.

Пратеничката група СДСМ го подржа овој ребаланс на буџетот, но како што рече нивниот пратеник, Марјанчо Николов, СДСМ заедно со опозицијата, бараат од Министерството за финансии што побрзо да ги распределат средствата на адреса на граѓаните од поплавените подрачја од Тетово и Скопје.

За ДПА, овој ребаланс на буџетот е предизборен маркетинг на парламентарното мнозинство.

ДУИ со 19 пратеници исто така го поддржа ребалансот. Реџаил Исмаили од оваа партија изјави дека овој буџет ќе ги обесштети луѓето кои се соочија со поплавите.

И коалициониот партнер на ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ гласаше за ребалансот и новиот ребаланс го нарече „наменски“.

Со овој ребаланс на буџетoт, планирани се дополнителни 35 милиони евра помош за погодените семејства од поплавите во Скопје и Тетово. Овој е вториот ребаланс на буџетот за оваа година, а првиот беше донесен во јули.

Блерим Исмаили

Извор: ТВ21 – 19.09.2016

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар