Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Постои софтвер за секојдневно следење на буџетските расходи

Претставници од Македонија, Бугарија и од Словенија вчера на конференција во Скопје разменуваа искуства за отвореноста на владите при трошењето на парите од буџетот. Според учесниците, во Албанија постои софтвер во кој на дневна основа може да се видат плаќањата од буџетот. Во Бугарија има отворени податоци и во последната година е направен прогрес, иако има уште многу работи да се направат. 

Во Македонија, според претставниците од невладиниот сектор, законодавството дава основа за транспарентност, но е потребна подобра примена на законските регулативи и да се даде поголем отчет за трошењето на парите.
Емина Нурединовска, раководителка од Македонскиот центар за меѓународна соработка, кој е организатор на конференцијата, истакна дека со конференцијата сакаат да свртат внимание на позитивните искуства од регионот и да укажат дека има потреба од поголема отвореност и достапност на податоците поврзани со трошењето на јавните средства.
Таа истакна дека Министерството за финансии врз основа на отвореното владино партнерство и предвидените мерки пред една година ги отвори податоците за буџетот, но информациите се на општо ниво. Според неа, важно е како буџетските корисници ги распределуваат средствата и до кого стигнуваат.

Дритон Фино од Министерството за финансии на Албанија истакна дека буџетската транспарентност е првиот чекор кон демократизација на буџетскиот процес и давањето можност граѓаните да учествуваат во процесот на формулација и алокација на ресурси. Тој истакна дека Владата во Албанија направила достапни за јавноста седум од клучните осум буџетски документи, но смета дека постојат уште предизвици. 

Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации на конференцијата говореше за новата веб-платформа за отворени податоци, која треба да ја зголеми информираноста за начинот на кој се трошат парите на граѓаните во Македонија.
- Целта е да им кажеме на граѓаните дека со нивните пари се финансираат и здравството и полицијата, се градат индустриските зони и се доделуваат субвенции. Нудиме можност секој граѓанин да ја внесе својата нето-плата и да види дневно колку го чинат функциите на централната власт, пресметувајќи ги персоналниот данок, придонесите и ДДВ, водено според онаа стапка на просечната потрошувачка - изјави Факиќ и додаде дека на плата од 22 илјади денари дневно функциите на централната власт граѓанинот го чинат 421 денар.    

Е.Р.

ИзворНова Македонија – 15.09.2016

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар