Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

За поголеми странски инвестиции потребна е подобра инфраструктура, поквалитетна работна сила..

Во Македонија треба да се формира инвестициски фонд по примерот на оние во европските земји, кој ќе менаџира со сите инвестиции во земјата. Овој фонд треба да управува со сите работи поврзани со инвестициите како привлекување на СДИ, јавни инвестиции, државна помош и поддршка на домашните приватни инвестиции

За подобрување на политиката на привлекување на странски инвестиции и зголемување на конкурентноста на Македонија, потребно е побрз развој на инфраструктурата, обезбедување на поквалитетна работна сила, поголема ефективност на даночната политика, поголема соработка на домашните и странските компании...

Ова се дел од предлозите на истражувањето кое го направи Здружението на млади аналитичари и истражувачи (ЗМАИ) на тема „Предлог решенија за подобрување на инвестициската политика во Македонија".

Истражувањето покажува дека треба да се објавуваат структурни податоци за странските директни инвестиции по дејности и по земји. За таа цел потребно е Царинската управа да ги достави вкупните податоци до Заводот за статистика, а тие потоа да ги уредат податоците со соодветна методологија и да ги објават.

- Во Македонија треба да се формира инвестициски фонд по примерот на инвестициските фондови во европските земји, кој ќе менаџира со сите инвестиции во земјата. Овој фонд треба да управува со сите работи поврзани со инвестициите како привлекување на СДИ, јавни инвестиции, државна помош и поддршка на домашните приватни инвестиции. Институциите кои сега работата на привлекување на СДИ треба да бидат сектори во тој фонд, вели Горан Мојаноски од ЗМАИ.

Еден од главните проблеми на домашните и странските компании е пронаоѓање на соодветна квалификувана работна сила и раководен кадар кој ги исполнува бараните стандарди. Овој проблем е се поизразен со влегување на новите гринфилд инвестиции во ТИРЗ. Претставници од бизнис-секторот сметаат дека за да се надмине овој проблем треба да се усовршат програмите во средните стручни училишта. Во насока на подобрување на кадарот во Македонија, Советот на странски инвеститори предлага примена на дуален систем во средните стручни училишта.

ЗМАИ предлага решенија за државата да се заштити од евентуално предвремено затворање на капацитетите на домашните странски фирми корисници на државна помош. Едно од тие решенија е да се плати целокупниот износ на неплатени даноци доколку корисникот го затвори својот погон пред истекот на олеснувањата и доколку не може да биде извршена исплата, државата да го конфискува целиот имот и технологија.

Како можни решенија за побрз развој на инфраструктурата во државата се наведуваат зголемување на учеството на капиталните инвестиции во вкупниот буџет кои реално ќе носат поврат на направената инвестиција и зголемување на државните инвестиции во патна и гасоводна мрежа.

Во истражувањето се наведени и предлози за зголемување на соработката на компаниите во зоните и надвор од нив, а еден од нив е корисниците на даночни олеснувања да се условат со остварување соработка со фирмите во оние сектори каде што соработката е возможна. Исто така, компаниите надвор од зоните треба да добијат субвенции за производство на суровини кои им се потребни на компаниите во зоните.

Еден од заклучоците од ова истражување е дека странските директни инвестиции и се неопходни на македонската економија, а она што го направија странските компании, е конкуренцијата, која е дополнителен мотив за домашните компании да работат повеќе и да бидат поуспешни.

А.С.

ИзворВечер – 16.09.2016

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар