Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Вчера се задолживме за 10,8 милиони евра, а пак денес ќе ги потрошиме сите за враќање стар долг

 

Министерството за финансии денеска треба да се раздолжи на домашниот пазар, по вчерашното ново задолжување.

Имено, вчера на две аукции на државни хартии од вредност, Министерството за финансии позајми нови 10,8 милиони евра, иако понудата беше двојно поголема, односно скоро 21 милион евра. Се работи за записи со рок на доспевање од една година и обврзници со рок на доспевање од 2 односно 5 години.

Денес враќаме 10,7 милиони евра, односно скоро иста сума колку вчерашното задолжување, тренд кој се практикува веќе подолго време – старите долгови да се отплаќаат со нови задолжувања.

Заклучно со мај, Владата по основ на државни хартии од вредност должи 935,6 милиони евра, што претставува рекордно ниво.

Заклучно со првиот квартал Бруто Надворешниот Долг на Македонија изнесува 5 милијарди и 500 милиони евра. Според најновите податоци на Народната Банка, зголемување на надворешната задолженост е регистрирана речиси во сите сегменти: кај државниот сектор, монетарната власт и кај банкарскиот сектор.

 

Анализата на податоците покажува дека Бруто Надворешниот Долг достигна 73,5% во однос на Бруто Домашниот Производ.

Во однос на салдото на крајот од 2012 та година, надворешната задолженост е зголемена за 333 милиони евра.

Најголем дел долговите кон странство се на државниот сектор во вредност од 1 милијарда и 688 милиони евра.

Структура на Бруто Надворешен Долг:

Државен сектор 1 милијарда 688 милиони евра

Банкарски сектор 628 милиони евра

Монетарна Власт 380 милиони евра

Останати сектори 1 милијарда 696 милиони евра

Според податоците на Народната Банка, позначаен пораст во период од три месеци е регистриран кај државниот долг, по основ на заеми. Така, заклучно со првиот кавртал по основ на заеми државата должи 1 милијарда 532 милиони евра, што во однос на состојбата од декември 2012 та година преставува пораст од 241 милион евра.

Според податоците од Министерството за финасии, заклучно со мај Јавниот Долг на Централната Влада изнесува 2 милијарди и 731 милион евра или 34,2% од Бруто Домашниот Производ.

Извор: Либертас и Фактор МК

 

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар