Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Ромите избришани од буџетот на Министерството за здравство

Ромите се целосно избришани од Програмите за здравствена заштита на мајките и деца на Министерството за здравство за 2016 година. И покрај високата смртност на доенчиња кај ромската популација која е за 25 проценти поголема од утврдениот просек. Министерството за здравство веќе не дава пари за оваа категорија граѓани, тврдат во невладината ЕСЕ.

Од таму тврдат дека парите предвидени за ромските деца и маргинализираните групи кои постојано се кратат се пренаменуваат за капитални инвестиции, за реконструкција и реновирање на болници.

„Активностите за Ромите од Програмата за мајки деца се целосно избришани од буџетот на Министерството за здравство. Превентивните програми се постојано предмет на измени и кратење. Ново намалување од 10 милиони денари е предвидено во Програмата за имунизација и два милиона денари за систематски прегледи на учениците, велат невладините организации.

Од таму потенцираат дека Владата генерално доделува значително помал буџет во делот на здравството од околните земји и од ЕУ. Од тука произлегуваат и последиците како што е неефикасна патронажна служба при обезбедување на услуги на мајки деца, недоволно посети за време на бременост и после тоа, намалена стапка на имунизација кај децата која се движи од 63 до 89 проценти кај овие деца.

Погледни ги изјавите

 

Извор: Нова ТВ

 

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар