Фискалните движења во изминатиов период од годината не бележат значителни отстапувања во однос на планираните, но сепак политичката состојба во земјата дава свој одраз како на приходната така и на расходната страна на Буџетот, се вели во предлог-законот за ребаланс на Буџетот што веќе влезе во собраниска процедура.
Прилагодувањата кои се предлагаат со Измените и дополнувања на Буџетот на Република Македонија за 2016 година главно се на расходната страна, а соодветно на расходите направени се и одредени корекции и на приходната страна на Буџетот.
Имено, измените и дополнувањата на Буџетот на Република Македонија за 2016 година се однесуваат на:
• ревидирање на приходната страна на буџетот за 2% надолу, согласно остварувањата во првите пет месеци од годината,
• реалокација на средства помеѓу буџетските корисници наменети за исплата на плати,
• обезбедување на дополнителни средства за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со цел непречена исплата на пензиите,
• намалување на одредени позиции кај буџетските корисници кај кои е евидентирана забавена динамика на релизација или постигнување на одредени заштеди,
• обезбедување на дополнителни средства за проектот за изградба на Националниот гасоводен систем согласно динамиката на активности,
• Обезбедување на дополнителни средства за изградба на делницата Демир Капија - Смоквица од Коридорот 10, согласно динамиката на градба во овој период.
„Со овие измени и дополнувања на Буџетот се задржува определбата за ниско даночно оптоварување, без промени на даночната политика и благ пораст на буџетскиот дефицит како резултат на корекцијата на приходната страна и зголемените трошоци делумно како резултат на политичката и мигрантската криза.
Предложеното ревидирање на иницијално планираните проекции кај приходната страна на Буџетот на Република Македонија е резултат на намалување на приходите на основниот буџет согласно реализацијата во изминатите пет месеци и очекувањата до крајот на годината.
Едновремено е одобрено зголемување на приходи кои буџетските корисници ги остаруваат на сопствените сметки по основ на донации за околу 1 милијарда денари кои се однесуваат за реализација на ИПА проекти.
Социјалните придонеси согласно остварувањето се очекува до крајот на годината да остварат благ пораст во однос на иницијално буџетираните од околу 2%, односно истите се ревидирани на ниво од 50.145 милиони денари“, се вели во предлог-законот.
На расходната страна извршено е ревидирање во смисла на:
-реалокации во делот на масата на плати согласно мобилноста на вработените во буџетските корисници,
-намалување на расходите наменети за стоки и услуги кои се финансираат од основниот буџет како резултат на строгата контрола и силната буџетска дисциплина особено во делот на помалку продуктивните расходи.
Во делот на стоките и услугите имплементирано е зголемување на овие расходи кај посебните сметки чија реализација е директно поврзана со наплатата на соодветните приходи (самофинасирачки активности и донации) и истите немаат влијание на буџетскиот дефицит,
-обезбедување на дополнителни средства во делот на социјалните трансфери со единствена цел за навремена и целосна исплата на законските обврски по основ на пензии и по основ на надоместоците за породилни отсуства, - обезбедување на дополнително повлекување на кредитните средства за навремена исплата на обврските кои произлегуваат од интензивната градба на Коридорот 10,
- обезбедување на дополнителни средства за проектот за Гасификција согласно активностите на терен
- намалување на средства кај оние капитални проекти кај кои има забавена динамика на реализација на активностите, воглавно како резултат на ограничувањата кои се наметнуваат во предизборен период.
Благото ревидирање на буџетскиот дефицит на ниво од 3,6% од БДП и редовното сервисирање на обврските по основ на домашниот и надворешниот долг, се планира да се обезбедат од домашни и странски извори на финансирање.
Предложени измени и дополнувања на Буџетот на Република Македонија за 2016 година ќе обезбедат стабилна фискалната позиција на земјата.
Консолидиран Буџет на Република Македонија за 2016 година (во милиони денари)
Буџет 2016 Ребаланс 2016
ВКУПНИ ПРИХОДИ 177,292 174,291
Даночни приходи и придонеси 150,718 149,597
Даночни приходи 101,531 99,452
Продонеси 49,187 50,145
Неданочни приходи 18,387 16,576
Капитални приходи 3,155 2,329
Донации 5,032 5,789
ВКУПНИ РАСХОДИ 196,276 195,472
Тековни расходи 170,929 172,907
Плати и надоместоци 26,038 26,509
Стоки и услуги 19,871 19,589
Трансфери до ЕЛС 16,776 16,668
Субвенции и трансфери 14,633 13,780
Социјални трансфери 87,783 89,467
Каматни плаќања 5,828 6,894
Капитални расходи 25,347 22,565
ДЕФИЦИТ -18,984 -21,181
ФИНАНСИРАЊЕ 18,984 21,181
Прилив 40,546 42,635
Домашни извори 18,894 8,439
Странски извори 22,861 34,196
Депозити -1,209 0
Одлив 21,562 21,454
Отплати на странско задолжување 12,381 12,273
Отплати на домашно задолжување 9,181 9,181
http://emagazin.mk/vesti/vest/23614
Извор: еМагазин – 28.06.2016