Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Расте буџетскиот дефицит! Заклучно со јуни оваа година достигна повеќе од 200 милиони евра

Само по пет месеци од започнувањето на оваа буџетска година, буџетскиот дефицит надмина 200 милиони евра. Со што, во првата половина на оваа година остварени се 70% од проектираниот износ на дефицит на оваа година (за 2013 година беа проектирани 288 милиони евра буџетски дефицит). Експертите предвидуваат дека проектираниот износ на буџетски дефицит ќе биде надминат најдоцна до септември, доколку се продолжи со оваа темпо на водење на буџетската и фискалната политика.

Според податоците од Министерството за финансии, најголем дефицит е остварен во првите три месеци од 2013 година. Суфицит во буџетот имало само во месец април, а пак во мај државата потрошила скоро 19 милиони евра повеќе во однос на износот на средства прибрани преку даноци и други давачки. Во месец мај вкупните приходи на буџетот се на најниско ниво и достигнуваат 171 милиони евра.

Во истиот период лани, буџетскиот дефицит изнесуваше 88 милиони евра. Според минатогодишните проекции на Министерството за финансии, вкупниот годишен буџетски дефицит требаше да изнесува 2,5 % од БДП (197 мил. евра), но заради темпото на креирање на се поголем јаз помеѓу фактички потрошените средства од буџетот и фактички прибраните, во септември се зголеми очекуваната стапка на 3,5 отсто, а годината заврши со дупка во државната каса од 289 милиони евра кои се надополнуваат со задолжување.

Извор: Фактор МК

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар