Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Привремена или одржлива позитива на македонската економија?

Македонската економија се покажа како „жилава“ – со стапка на економски раст од 2,9 отсто во првото тромесечје, земјава се вброи во групата на земји во Европа која испорача позначен раст на БДП.

На домашен терен, оваа стапка на раст, според економистите е очекувана, откако индустриското производство по 17 месеци, континуиран пад, конечно излезе од негативна зона, бележејќи позитивен тренд неколку месеци со ред.

Првиот картал прикажа позитивен БДП, но колку и дали ќе се оддржи оваа стапка за на крајот од годината да се реализира владината прокеција за раст од 2 отсто?

Дали БДП е одржлив?

Она што алармира за периодот што следува е сигналот што го испратија двете водечки индустрии во земјава, металската и текстилната. 

Од Кластерот за текстил објавија дека нарачките од странство се намалени за 30 отсто

“Имаме најава дека поголемите ктекстилни компании што се членки на кластерот имаат намалување на нарачките од странство. Има фирми коишто месечно производувале и продавале 1 милиони и 200 единици, а сега во овој период производството речси се преполови. “ – објаснуваат од Клатерот за текстил.

Она што загрижува во овој бизнис, од кој годишно преку извоз, се слеваат најмалку по половина милијарда евра , е состојбата со нарачките од стратешките трговски партнери.

Во Германија, која е една од водечките европски економии, завршуваат дури 75 отсто од вкупниот извоз на текстилните доработки. Германија прикажа пад  на БДП од 0,3 % во првиот квартал во споредба со истиот квартал лани и незначајно опоравување во споредба со последното тромесечје од 2012 та година, што ги потврдува стравувањата на текстилците дека е можно подлабоко влошување на состојбата во овој сектор.

Следна извозна дестинација за текстилците е Грција, каде завршува 20 отсто од извозот. Кризата таму веќе влијаеше да се намали овој процент. Во првиот квартал од 2013 та грчката економија остана во негативна зона со стапка од – 5,3 отсто.  Следува Холандија со околу 7% и Америка со околу 2 % учество во извозот на текстилни производи.

Поради намалените нарачки, дел од текстилците најавија отпуштања од работа, што би можеле да се спроведат дури и во текот на летото. Се оперира со бројка од 1000 до 2000 откази во текстилниот бизнис.

Лоши сигнали од металуршкиот сектор

“Тоа е причински поврзано со светската економија, односно успорувањето на растот на светската економија ќе предизвика намалување на побарувачката за стратешките продукти “ – објаснија од Стопанската комора на Македонија.

Она што упатува на натамошно влошување на состојбата во овој сектор е и прогнозата за намалување на цената на никелот и на бакарот на светските берзи.

Со “црни“ прогнози за металската индустрија излезе и Народната банка, која во еден од своите понови извештаи посочи дека годинава цените на никелот ќе се намалуваат, наместо претходните проекции за раст, и дека  цената на бакарот ќе оствари подлабок пад.

“Проекцијата за движењето на цените на металите е надолно ревидирана, покажувајќи понеповолни услови за размена во овој дел од извозниот сектор.“ – пишува во анализата на НБРМ.

Поповолни движења за цените на металите се очекуваат дури во 2014  година.

Сите овие околности и очекувања за забавување на економскиот раст во европските економии, според економисите се показател дека кризата не е одмината и дека она што сега се случува во Европа, со задоцнет ефект, на крајот сепак ќе се одрази и врз македонската економија.

Во една деценија – највисока стапка на раст од 6, 1 %

За годинава Владата проектираше стапка на економски раст од 2% а како генератор на растот очекува да бидат инвестициите, додека кај јавната потрошувачка предвидува пад.

Споредбената анализа на стапките на економски раст укажува на тоа дека од 1993 та година до сега, највисоката стапка на БДП изнесува 6,1 отсто и таа е остварена во 2007 година. Од аспект на одржливост на стапките на раст, сите овие години се забележуваат големи осцилации и неодржливост.

Така на пример, во 1999 година  е регистриран раст од 4,5 отсто а годната потоа пад на економијата од 4,5 проценти. Сличен тренд се случува во 2008 година кога е остварен економски раст од 5 проценти за потоа во 2009 та година економијата да влезе во рецесија со – 0,9 % .

БДП по години ( според производствен метод)

2003 та година                  +2,8%

2004 та година                 + 4,6%

2005 та година                 + 4,4%

2006 та гоидна                 + 5,0%

2007 ма година                + 6,1%

2008 ма година                + 5,0%

2009 та година                 - 0,9 %

2010 та година                 +1,8%

2011 та година                 + 2,8%

2012 та година                  - 0,2%

2013 та година (квартал) + 2,9%

Кварталниот Бруто домашен производ (БДП) во групата Г-20(20 најразвиени економии на светот) се зголеми за 0,7% во првиот квартал на 2013 година во споредба со 0,6% во претходниот квартал, според прелиминарните проценки. Сепак, збирната Г20 БДП стапка на раст продолжува да ги демаскира различните модели низ најголемите економии во светот.

Меѓу европските Г-20 земји, БДП порасна во првиот квартал на 2013 година во Обединетото Кралство и Германија (за 0,3% и 0,1%), по падот во претходниот квартал. БДП продолжи да се намалува во Франција и Италија, иако во Италија со забавено темпо.

БДП порасна во Турција (од 0,1% до 1,6%), во Јапонија (од 0,3% до 1,0%), во Кореја (од 0,3% до 0,8%) и во Канада и САД (се издига до 0.6% во споредба со 0,2% и 0,1%, во претходниот квартал).

Растот остана стабилен во Австралија и Бразил (0,6%) Индонезија (од 1,5% до 1,4%). Со малку посмалено темпо остана стабилен во Мексико (од 0,7% до 0,5%), во Јужна Африка (од 0,5% до 0,2%), во Кина (од 2,0% до 1,6%), во Индија (од 1,2% до 0,5%) .

Во споредба, пак, со истиот квартал од 2012 година, растот на БДП за подрачјето на Г-20 остана стабилен на 2,4% во првиот квартал од 2013 година, со највисока стапка на раст во Кина (7,7%) а најголем пад во Италија (минус 2,3%).

Во Македонија растот на економијата изнесуваше 2, 9 %, споредено со претходниот квартал што е висок квартален пораст по рецесивните движења минатата година.

Податоци за движењето на БДП во Македонија:

 Извор: Фактор МК

 

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар