Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Смртта на родилката од Прилеп обелодени крупни проблеми во здравството

Уште нема информации од што почина родилката во прилепската болница. Дoдека се истражува трагедијата, на виделина излегоа проблемите во здравството. Во 45 од 80 општини нема матичен гинеколог. Во дополнителни 24 има недостиг на овој кадар. Освен ова, двојно повеќе имаме смртност на родилки и новороденчиња во споредба со ЕУ. 

Здравствената заштита на жените се влошува. Според податоците, во повеќе од половина општини во државава нема матичен гинеколог. Дополнително, во третина од општините има недостаток на овие лекари.

„Во Македонија има 134 матични гинеколози, за да се исполни криетериумот од еден матичен гиниколог на 3.000 жени потребно е да има уште 150 матични гинеколози, значи во Македонија има недостиг од 150 матични гинеколози. Во 45 општини во Македонија нема ниту еден матичен гинеколог, а во 24 општини има недостиг на гинеколози“, вели Борјан Павловски- здружение за еманципација, солидарност и еднаковост на жените.

Освен ова, расте бројот на починати родилки и новороденчиња.

„Стапката на доенечка смртност во Македонија бележи пораст во изминатите година во 2010 година била 7,6 додека во 2014 година бележи пораст и изнесува 9.9 на 1.000 живородени, тоа е речиси двојно повеќе од просекот на Европската Унија“, додава Павловски.

Најчесто нема матични гинеколози во рурални општини. Нема матичен гинеколог и во скопската општина Шуто Оризари, каде жените патуваат околу седум километри за да добијат лекарска грижа. Инаку, и по пет дена по смрта на родилката која почина во прилепската болница, Јавното обвинителство вели дека истрагата е во тек. Од судска медицина потврдија дека обдукцијата е заврешна, но се работи на анализите.

Бојана Симоновиќ

Извор: Телевизија Алсат – 24.02.2016

 

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар