Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Дeвизните резерви во злато се топат!

Девизните резерви во мај оваа година се спуштија на ниво од 2 милијарди и 117 милиони евра, односно тие се за 75,4 милиони евра пониски во споредба со состојбата од крајот на 2012.Ова салдо на вкупните девизни резерви е најниско во последните седум месеци.

Најновите податоци на Народната банка покажуваат дека во мај продолжува трендот на намалување на вредноста на златото. Резервите на злато заклучно со мај изнесуваат 237,9 милиони евра. Во однос на почетокот од годината, вредноста е намалена за 32 милиони евра.

Еве како се движеше вредноста на златните резерви од почетокот на годинава :

јануари               270,0 милиони евра

февруари            265,2 милиони евра

март                    272,9 милиони евра

април                  245,2 милиони евра

мај                       237,9 милиони евра

Кризата во Европа ги промени и плановите за чување на златото. Од почетокот на 2012 најголем дел од монетарното злато било депонирано во Банката на Англија.

Но, во вториот квартал од минатата година со цел зголемување на ефикасноста со управување на златните резерви и остварување поголеми приходи (поради тогашниот раст на цената на златото) НБРМ одлучи дел од резервите на злато да ги инвестира како краткорочни депозити кај странски комерцијални банки. Рокот на чување, односно пласман изнесувал најмногу една година.

Од почетокот на годината регистрирано е и намалување на девизните резерви во валути и депозити. Во мај вредноста на девизните резерви изнесува 144,2 милиони евра и во однос на почетокот од годината забележано е намалување за скоро 274 милиони евра.

Неодамна “Фактор“ објави дека Народната банка полека, но, сигурно се ориентира кон инвестирање во други валути. За да ја намали изложеноста кон кредитен ризик, оваа година НБРМ планира 1,25% од девизните резерви да ги пренасочи во нови валути.

“Се предвидува дека започнатиот процес на валутна диверзификација на девизните резерви во нови валути коишто ќе овозможат балансирање на изложеноста кон кредитен ризик од една страна и одржувањето на нивото на куповна моќ на девизните резерви на долг рок, од друга страна, ќе продолжи и во наредната година. За таа цел, за 2013 година е предвидено дополнителни 1,25% од девизните резерви да се пренасочат во финансиски инструменти деноминирани во нови валути, коишто се карактеризираат со повисоки стапки на поврат, но и висока ликвидност и сигурност на инвестициите“ – пишуваше во еден од последните  извештаи за работата на Народната банка.

Со овој потег, според НБРМ, треба да се намали изложеноста кон кредитниот ризик. На почетокот на 2012 година, НБРМ инвестираше во нови четири валути: австралиски долар, канадски долар, норвешка и шведска круна.

За разлика од бројките кои укажуваат на намалување на вредноста на златото и на резервите во валути и депозити, во мај е забележан тренд на пораст на вложувањата во хартии од вредност. Така, НБРМ, преку хартии од вредност чувала 1 милијарда и 733  милион евра, што во однос на јануари претставува раст од 159 милиони евра.

Извор: Фактор МК

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар