Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Граѓанска дебата за слободно општество и социјална правда - 16 февруари, 2016 година

На 16 февруари 2016 година во хотелот Холидеј Ин во Скопје на јавната дебата со наслов „Граѓанска дебата за слободно општество и социјална правда“ во рамки на вториот панел „Преку социјална правда до подобра живејачка“ говореше Јасминка Фришчиќ, извршна директорка на ЕСЕ. На овој панел зборуваа и Душко Груевски, Дона Костуранова, Петар Гошев, Абдулменаф Беџети, Борјан Ѓузелов и Бранимир Јовановиќ, а модератор беше Огнен Јанески. Дебатата беше организирана од коалицијата на граѓански организации „Граѓаните за Македонија“.  На првиот панел „Помеѓу идејата за слобода и заробена држава“ говореа: Мирјана Најчевска, Билјана Бејкова, Суад Мисини, Биљана Еверет го сподели говорот на Џабир Дерала, Љубиша Арсиќ и Миша Поповиќ, а модератор беше Марјан Забрчанец. Како резултат на јавната дебата беше подготвен Проглас ќе биде отворен за јавна поддршка од граѓанските организации, а потоа од име на организациите кои ќе дадат поддршка ќе биде испратен и до сите политички партии, медиуми и други фактори за коментар и/или поддршка.

Панел 1: https://www.youtube.com/watch?v=xbCUNX5cn0I

Панел 2: https://www.youtube.com/watch?v=PVrWGTW-5KU

Сите видеа

http://gragjanite.mk/gragjanska-debata-za-slobodno-opshtestvo-i-socijalna-pravda-video/

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар