Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

На шеесет и шеста седница Собраниската комисија за финансирање и буџет расправаше по Предлог законот за финансиска инспекција во јавниот сектор

Во однос на Предлог-законот за финансиската инспекција во јавниот сектор, основна цел на предложеното законско решение е да се уреди работењето на финансиската инспекција во јавниот сектор со закон, како централизираната ex post финансиска контрола, допрецизирање на регулативата за јавни финансии во делот на  заштита на јавните финансиски интереси и преземање на мерки против сторителите на прекршоци и издвојување на функцијата на внатрешната ревизија од функцијата на финансиската инспекција.

Со Предлогот на законот се уредуваат начелата, надлежноста, организацијата на финансиската инспекција во јавниот сектор, како и постапката за вршење на финансиската инспекција, со што се обезбедува заштита на финансиските интереси на субјектите од јавниот сектор од сериозно лошо финансиско управување, измами и корупција.

Финансиската инспекција ќе се извршува кај корисниците на средства од Буџетот на Република Македонија, фондовите, општините и Градот Скопје, агенциите и другите институции основани со закон, јавните претпријатија, јавните установи и другите правни лица кои се во државна сопственост или сопственост на општините и Градот Скопје или во кои државата или општините и Градот Скопје се акционери, како и кај непрофитните организации и другите правни и физички лица само за делот на добиените јавни средства или гаранции. 

Работите на финансиската инспекција ќе ги извршува Секторот за финансиска инспекција во јавниот сектор, како посебна внатрешна организациона единица во рамки на Министерството за финансии. Со финансиската инспекција ќе раководи главен финансиски инспектор за јавни финансии, кој директно ќе одговара на министерот за финансии.

Комисијата за финансирање и буџет го проследи Предлог-законот на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар