Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Предлог буџетот за 2016 година пред Буџетскиот совет на Парламентот

Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија денеска на седница ќе расправа за Предлог – Буџетот на државата за 2016 година, што го усвои Владата.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески минатата недела образложувајќи го Предлог-буџетот за 2016 година,  истакна дека негови основни карактеристики се намалување на буџетскиот дефицит од 3,6 отсто годинава на 3,2 проценти следната година .

Вкупните расходи, според предлогот, се проектирани на 195.788 милиони денари, кои се за 4,7 проценти повисоки од оние во 2015 година, а вкупните приходи се проектирани на 176.804 милиони денари каде има зголемување за 6 проценти во однос на 2015 година.

На приходната страна се очекува даночните приходи да имаат раст од 6,5 проценти и да изнесуваат 101.531 милион денари, неданочните се планирани на 9.633 милиони денари и се за 519 милиони повеќе, а придонесите да имаат раст од 4,2 проценти и да изнесуваат 49.187 милиони денари.

На расходната страна, покрај средствата предвиени за повисоки пензии и социјални додатоци,  се предвидени средства повисоки за 3,3 проценти за платите или 25.906 милиони денари, за стоки и услуги се проектирани 19.618 милиони денари или 3,5 проценти повеќе од 2015 година, обезбедени се средства за изборите во април 2016 година, како и за трансфери. Предвиени се значајни средства за здравствена заштита од 1.334 милиони денари, зголемени трансфери за единиците на локалната самоуправа за обезбедување рамномерен регионален развој, како и 141 милион евра за субвенции за земјоделците.

– Капиталните расходи се проектирани на 25.092 милиони денари кои се за 12,9 проценти повеќе од оние во 2015 година, рече министерот за финансии.

Растот на економијата се очекува да биде 4 проценти од БДП, а инфлацијата 2 проценти.  Носители на растот, како што рече, ќе бидат градежништвото, индустријата и нето извозот.

Види предлог буџет...

Извор: ЛОКАЛНО МК

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар