Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Предлог за измени и дополнувања на законот за буџетите

Европската комисија во својот последен извештај за напредокот на Република Македонија, како најголеми проблеми во доменот на економската политика ги наведува влошувањето на квалитетот на трошењето на народните пари од страна на актуелната власт и неговиот придружен елемент, растот на јавниот долг. Оттаму, една од клучните препораки е значајно зголемување на фискалната транспарентност, како еден од најважните алатки за подобрување на начинот на трошење на народните пари.

Недоволната буџетска транспарентност, некомплетните информации ги прави  институциите во Македонија екстрактивни. Првиот чекор во рушењето на екстрактивните институции е фискалната транспарентност.

Фискалната транспарентност е еден од најважните елементи за ефективно управување со јавните финансии. Таа е клучна во градењето на доверба на јавноста во работењето на јавните институции и придонесува за одржливост во спроведувањето на јавните политики. Транспарентноста, исто така претставува прозорец кон буџетското работење на државата, помагајќи ѝ на јавноста да ја повикa власта на одговорност.

Еден од првите чекори за обезбедување на истата, е во законски утврдени временски рамки, објавување на детални податоци за тоа каде се трошат народните пари и како се остваруваат јавните услуги.  Од една страна со ова ќе се обезбеди контрола за тоа како власта ги троши парите, а од друга страна пак, ќе ја подобри ефикасноста на трошењето. Фискалната транспарентност треба да ја вклучува власта на сите нивоа, како и друштвата кои се во државна сопственост.

Наведените причини ја наметнаа потребата од донесување на измени на овој закон.

Прочитај повеќе...

Извор: Собрание на РМ

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар