Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Вкупниот долг на централната власт во Р. Македонија заклучно со март 2013 година го достигна својот ВРВ

Заклучно со крајот на март 2013 година вкупниот долг на централната власт во Р. Македонија изнесува 166.246.800.000,00 денари. Кон надворешни доверители централната власт должи вкупно 102.932.550.000,00 денари, а кон домашни доверители вкупно 63.314.250.000,00 денари. Долгот на централната власт изнесува 34% од БДП.  (Оваа состојба не го вклучува долгот настанат во април годинава кон ЕБРД во износ од 6.580.500.000,00 денари и средствата прибрани преку емитување на државни хартии од вредност во текот на април и мај годинава).

Во споредба со состојбата на долг на централната власт во декември 2007 година, во март 2013 година истиот е поголем е 47,1%. 

Како најголеми кредитори на Р. Македонија се јавуваат Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка, Европската банка за обнова и развој итн.

Само кон Светската банка Р. Македонија во моментов има отворен долг по сите основи во износ од 732.724.352,66 американски долари или 3.443.804.457.502,00 денари. Односно 396.682.766,26 американски долари/18.644.090.014,22 денари кон ИБРД и 336.041.586,40 американски долари/15.793.954.560,8 денари кон ИДА.

Според амортизациониот план на Светската банка последниот ануитет кој Р. Македонија ќе треба да го отплати кон Светската банка, доколку не воспостави никакви нови кредитни договори со истата, ќе доспее на 15 ноември 2036 година или за 23 години од сега.

 

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар