Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

И покрај тоа што статистиките бележат пораст на трошоците за живот, надлежните говорат за ниско и стабилно ниво на инфлација

Продолжува трендот на раст на трошоците за живот. Статистика во месец мај измери пораст од 3,4 отсто во однос на истиот месец лани. 

Континуираното зголемување на трошоците на живот е резултат на високите цени на земјоделските и прехрамбените производи.  Најголем раст на трошоците е забележан кај: облека и обувки 7,3%, исхрана 5,1%, хигиена и здравје 4%, домување 3,4%.

Иако стапките на инфлација се во рамките на прокециите без значајни корекции нагоре, граѓаните сепак велат дека од месец во месец живеачката е поскапа.

Во истовреме синдикалната потрошувачка кошница станува се поскапа. Според априлските мерања за да го истурка месецот, на едно семејство му се потребни 32.518,00 денари што претставува рекордно највиско ниво од почетокот на годинава. 

Во однос на декември лани, потрошувачката кошница поскапела за 500 денари.

Во мај, Заводот за статистика регистрираше раст на цените на мало за 0,9 проценти во однос на истиот месец лани. Најголем пораст има кај земјоделските производи, додека најголемо намалување има кај непрехранбените индустриски производи.

Погледнете видео: 24 Вести - Растат трошоците за живот

Извор: 24 вести

 

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар