Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

СООПШТЕНИЕ - Олеснување за матични лекари – помалку бирократија за поефикасна превентивна здравствена заштита

Денес заедно со Здружението на приватни лекари на Р. Македонија сакаме да ве информираме за новиот софтвер, со кој ќе ја унапредиме и олесниме работата на матичните лекари, а се однесува на полето на превенцијата која тие веќе ја спроведуваат.

Во договорите со Фондот за здравство, матичните лекари од општа пракса имаат обврска да спроведат мерки и активности за превенција и рано откривање на кардиоваскуларни болести, дијабетес и нефролошки заболувања, кои се трите најчести незаразни заболувања во Република Македонија. Овие превентивни мерки се спроведуваат на 1.3 милиони осигуреници на возраст од 14-65 години.

„Целта на воведување на превенција на овие три најчести заболувања е да придонесе кон намалување на бројот на идни пациенти заболени од овие болести, односно да се преземат сите превентивни активности за оваа ризична група на осигуреници да не ги развие овие заболувања и да се влијае на намалување на пациенти кои ќе завршат на дијализа, инсулинска терапија, како и да има помалку пациенти со срцеви и мозочни удари. За стимулирање на оваа активност секој матичен лекар преку Фондот добива 20% од капитацијата секој месец.

Повеќе...

Извор: ФЗОМ - 13.08.2015

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар