Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Најавено ново задолжување од 2,2 милиони евра

Задолжувањето на владата од скоро 2,2 милиони евра е најавено за утре, а операцијата ќе се спроведи преку објавување на државни хартии од вредност.

Проспектите покажуваат дека Владата ќе се задолжи со еден државен запис од 731 илјади евра, со рок на доспевање од една година и две државни обврзници со вкупна вредност од 1,4 милиони евра кои државата ќе треба да ги врати во 2025, односно 2030 година.

Истовремено, во следните две недели се предвидени и две операции на раздолжување на државата кон домашните кредитори и враќање на долг од 7,9 милиони евра.

Инаку, податоците покажуваат дека за еден квартал од оваа година, долгот на државата кон домашните кредитори е зголемен за 24,3 милиони евра. Па така, внатрешниот долг на државата достигна до 1 милијарда и 305 милиони евра.

Вкупниот јавен долг државата изнесува 3 милијарди и 923 милиони евра или 43,7 % од бруто домашниот производ.

Извор: Фактор МК

Линк до веста: http://faktor.mk/2015/08/03/najaveno-novo-zadolzhuvane-od-2-2-milioni-evra/

 

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар