Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Расходната страна се зголемува и предизвикува пораст на буџетскиот дефицит

 

Ревидираната проекција на растот на БДП на Министерството за Финансии е во линија со проекцијата што ја даде Finance Think, вели Благица Петрески, извршен директор на “Finance Think”.

Ребалансот на буџетот главно е алокација на повисоките приходите од планираните, но истовремено расходната страна се зголемува повеќе и предизвикува раст на буџетскиот дефицит. Сепак, најголем дел од овие средства ќе се наменат за трансфери, а многу помалку за капитални расходи. Нашата прогноза е дека растот годинава ќе биде на ниво од 3.4%. Нов циклус на оценка на идниот економски раст следува со почетокот на есента кога ќе излеземе со нова проекција.

Во однос на политичкиот договор помеѓу власта и опозицијата, тоа  е само прв чекор кон стабилизација, но позначајно е неговата имплементација, Според Петрески неизвесности сеуште постојат, главно поради најавените избори.

Премногу е рано да даваме оценки за ефектите од договорот врз економијата. Ефектите ќе зависат од неговото исполнување. Со  оглед на тоа што договорот има вградено и долгорочни мерки и меѓународен мониторинг, се очекува неговата имплементација да даде поголема економска стабилност.

Ризиците предизвикани од политичката криза главно се одразија преку неизвесност и воздржаност кај бизнис секторот и странските инвеститори., за да се врати довербата и кај домашните и кај странските инвеститори.

Најавените избори ќе значат економска неизвесност за бизнис заедницата во земјата. Најпрво, за време на најавени избори целата енергија е насочена кон политичката кампања, а многу помалку на економските реформи во земјата, што влијае на бизнис климата. Исто така, новите избори може да значат и нови мерки и програми, кои пак претставуваат дополнителна неизвесност кај бизнисмените при донесувањето на одлуки, посебно долгорочни.

Второ, изборите испраќаат сигнали на неизвесност и кон странските инвеститори како резултат на несигурноста за исполнување на условите под кои ја донеле одлуката за инвестирање.Доколку оценуваме според  минати искуства, секогаш буџетските трошења драстично се зголемуваат непосредно пред изборите.

Со оглед дека буџетскиот дефицит е во пораст изминатиот период, непродуктивните трошења потребно е да се сведат на минимум.

Извор: Фактор МК

Линк до веста: http://faktor.mk/2015/07/18/stav-blagitsa-petreski-rashodnata-strana-se-zgolemuva-i-predizvikuva-porast-na-budhetskiot-defitsit/

 

 

 

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар