Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

ОН цели да се искорени сиромаштијата и справување со глобалното затоплување до 2030 година

 

Земјите членки на ОН се согласија за целите на светскиот економски развој по 2015 година. Координационен документ ќе биде утврден на самитот на организацијата, која ќе се одржи во седиштето на организацијата овој септември, пренесоа агенциите.

Земјите постигнале согласност за последните детали од планот за акција, кој предвидува искоренување на екстремната сиромаштија во светот до 2030 година и контрола врз глобалното затоплување.

По недела дена интензивни преговори во седиштето на ОН во Њујорк, експертите и дипломатите од 193 земји го прифатија проектот од околу 30 страници, насловен како  „Да го промениме нашиот свет, програма за одржлив развој до 2030 година“. Во документот од 29 страници се опишани 17 глобални цели за одржлив развој за следните 15 години.

Прво се цели за „сеприсутно искоренување на сите манифестации на сиромаштијата“. Потоа се гледа „искоренување на гладот, обезбедување на безбедноста на храната“, здрав начин на живот, еднаквост на половите, пристап кон сигурна и стабилна енергетика, одржлив економски развој и создавање на работни места. Се предвидуваат исто така мерки за скратување на волумени на исфрлени во атмосферата стакленички гасови.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун изразил надеж дека во септември кога документот биде усвоен конечно, ќе биде наведен почетокот на „нова ера на одржлив развој во кој сиромаштијата ќе биде искоренета, богатствата ќе бидат заеднички, а причините за измените на климата – победени“, пренесоа агенциите.

„Ние сме полни со решеност да го ослободиме човештвото во текот на оваа генерација од тиранијата на сиромаштијата и ќе ја излечиме и заштитиме нашата планета поради тоа и идните генерации“, пишува во преамбулата на текстот.

 

Извор: Фактор МК

Линк до веста: http://faktor.mk/2015/08/03/on-tseli-da-se-iskoreni-siromashtijata-i-spravuvane-so-globalnoto-zatopluvane-do-2030-godina/

 

 

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар