Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Падна кредитниот рејтинг на Македонија

 

Земјите, како Македонија, кои располагаат со ограничени домашни извори за финансирање за високо поставените цели од страна на државата, се претежно зависни од надворешни извори на средства кои најчесто во буџетот на државите се слеваат во вид на кредит. Па оттука, за државата да добие средства од странски кредитори, потребно е да ангажира надворешни експерти кои преку различни параметри ќе ја оценат состојбата и способноста на државата да одговори на обврските кон кредиторите, како и да ги оценат идните перформанси на истата. Ова постапка е слична на онаа кога банките преку своите вработени ги оценуваат своите клиенти, пред да потпишат договор со нив.

Понискиот кредитен рејтинг влијае не само на одлуките на кредиторите, туку и врз одлуките на потенцијалните и сегашните инвеститори. Односно, потенцијалните нема да започнат свој бизнис, а постојаните ќе почнат да размислуваат во насока на повлекување. Сево ова пак, може значително да влијае врз економската стабилност на земјата и може да го наруши трендот на досегашниот економски раст.

Македонија според Standard and Poor’s спаѓа во групата на земји кои подлежат на шокови и од оценка BB премина во BB-, што значи дека во блиска иднина при појава на негативен тренд (економски, финансиски итн.) во светот може да резултира со забавен економски развој, проблеми во реализирање на превземени обврски, реализирање на буџетски програми итн.

Од земјите на Балканот најнизок кредитен рејтинг според Standard and Poor’s имаат Грција и Албанија, а Македонија е веднаш зад нив.

Кредитен рејтинг на Република Македонија

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар