Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Шест години подоцна: Распука ли ѕидот од тишина

Фондацијата отворено општество Македонија (ФООМ) на 30 април 2013 година организираше промоција на подготвената анализа поврзана со имплементацијата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер од неговото донесување до денес, насловена како „Шест години подоцна: Распука ли ѕидот од тишина“ .

Според (ФООМ) и по седум години од донесувањето на Законот сеуште се воочуваат неколку проблеми како: високиот процент на молчење на администрацијата; непочитување на законската форма на комуникација од страна на имателите на информации; недоследната примена на исклучоците од слободниот пристап и долгото време потребно за добивање на одговор. Според ФООМ одредбите во Законот премногу лесно се менуваат, а Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер нема можност за поведување прекршочна одговорност кон институциите кои не споделуваат информации од јавен карактер. Комисијата исто така ги охрабрува имателите на информации, на чувствителни информации да одговараат со „Не знам“ или „Непознато“. При презентацијата укажаа и на големиот недостаток со ограничената и честата измена на листата на иматели на информации, особено бидејќи со последните измени од листата се тргнати политичките партии, без никакво објаснување за таквиот потег.

Целосната анализа можете да ја најдете на следниот линк:

Шест години подоцна: Распука ли ѕидот од тишина

 

 

 

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар