Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Светски ден на борба против ракот: 4-ти Февруари 2015 година

Светскиот ден за борба против карциномот оваа година се спроведува под слоганoт “Сите не засега” и има за цел да промовира позитивен и проактивен пристап во борбата против карциномот, притоа потенцирајќи дека карциномот може да се надмине.

Кампањата ќе ги истражи можностите за тоа како можеме да се имплементира она што е веќе познато во областите на превенција, рано откривање, третман и грижа, а со цел да се влијае врз намалувањето на стапката на појава и смртност од карциномите.

Кампањата по повод Светскиот ден за борбата против ракот, укажува дека во борбата против карциномот може многу да се направи на повеќе нивоа – индивидуално ниво, на ниво на заедницата и на владино ниво. Исто кампањата укажува дека можат да се здружат и да се мобилизираат интервенциите од сите нивоа и да се покрене позитивна промена во борбата против карциномот.

 

Кампањата во 2015 година се однесува на четири клучни области:

-       Избирање на здрави животни стилови

-       Овозможување на рано откривање

-       Обезбедување на третман за сите

-       Унапредување на квалитетот на живот

Лифлет по повод Светскиот ден на борба против ракот 2015

Повеќе информации за Светскиот ден на борба против ракот 2015 можете да проследите на www.worldcancerday.org

Извор: www.worldcancerday.org

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар