Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Ефекти од Скрининг-програмата за рано откривање на рак на грло на матка во Република Македонија по повод “Неделата за превенција на цервикалниот канцер”, 25-31 јануари 2015 година

Со цел намалување на инциденцата и смртноста на жените од рак на грло на матка во Република Македонија преку превентивни активности на институционално ниво, Владата на Република Македонија секоја година донесува Програма за рана детекција на малигни заболувања во Република Македонија што ја изготвува Министерството за здравство, во која посебен дел претставува Програмата за рано откривање и спречување на ракот на грлото на матката преку која последниве неколку години се спроведуваат неколку активности за превенција на ракот на грло на матка. Активностите за оваа цел ги спроведуваат Министерството за здравство, матичните гинеколози, Институтот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје.

Согласно доктринарните ставови целна група за организиран скрининг на рак на грло на матка во Република Македонија се жени на возраст од 24-60 години. Препорачан временски интервал за изведување на организиран скрининг е 3 години. Првата година или 2012 година во Република Македонија беа опфатени жените од 24-35 години, во 2013 година жените од 36-48 години и во 2014 година жените од 49-60 години и жените од 36-48 години кои во 2013 година не направиле Пап тест.

Дијаграм 1

Извор:  Институт за јавно здравје на Република Македонија

Бројот на прегледаните жени, односно бројот на направените Пап тестови при организираниот скрининг на рак на грлото на матката во Република Македонија во периодот 2012-2014 се зголемува. Во 2012 година се направени 17595 Пап тестови, а во 2014 година 26270. Постои зголемување на бројот на прегледаните жени, односно направените Пап тестови при организираниот скрининг во 2014 година во однос на 2012 година за 49,3%, а во однос на 2013 година за 27,5%.Трендот има тенденција на пораст ( Дијаграм 1).

Секоја година се откриваат во просек по 4-7% епителни клеточни абнормалности од цитолошки анализираните брисеви.

Повеќе информации

Извор: Институт за јавно здравје на Република Македонија – 22.01.2015

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар