Association ESE

ESE

   Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women.

 

 

 

Трета регионална средба за координација на земјите членки од COPASAH Europe мрежата, Црна Гора

Третата регионална средба за координација на земјите членки од COPASAH Europe мрежата, се одржа на 19 и 20 март, 2024 година во Црна Гора и на истата присуствуваа осум претставници на организации кои се членки на мреката од Северна Македонија (ЕСЕ), Романија (RomaJust), Црна Гора (Juventas) и Албанија (HRDC). За време на регионалната срдба, членките имаа можност да се запознаат со методите и алатките што ГО Juventas ги применува за прибирање и анализа на податоци од заедниците со кои работи, како и за пристапите и алатките за оценка на однесувањата на заедниците со кои тие работат. Покрај Juventas на оваа средба ГО ЕСЕ, RomaJust, и HRDC ги презентираа методологиите што ги користат за собирање и анализа на податоци од заедниците со кои работат. За време на средбата беа дискутирани и договорени идните активности на мрежата и динамиката на нивното спроведување.

Read more...

Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 година, усвои информација за резултатите на работната група за спроведување на акцискиот план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 година со финален извештај

На 22 март, 2024 година ЕСЕ како ко-претседавач на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 година преку дописна седница ги усвои “Информација за резултатите на работната група за спроведување на акцискиот план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 година со финален извештај за самооценување”. Овој извештај, во наредниот период ќе биде доставен на разгледување и усвојување од Владата на РСМ.

Read more...

Средба на работна група со претставници од Советот за ПОВ која треба да го финализира нацрт Финалниот извештај за спроведувањето на АП за ПОВ 2021 – 2023 година

На 07 март, 2024 година се одржа средба на работната група со претставници од Советот за ПОВ која беше формурана на десетата седница на Советот на предлог на ЕСЕ и останати ГО, а која имаше за задача да ги сумира  добиените коментари и сугестии по нацрт Финалниот извештај од претставниците од граѓанските организации - членови на работните групи на ПОВ 2021-2023 година. На средбата на работната група се водеше дискусија за сите добиени коментари и сугестии поединечно и начинот на кој тие ќе се вклучат во финалниот текст на извештајот за само-оценка.

Read more...

Споделивме искуства од спроведувањето на здравствена едукација за граѓаните по однос на здрави животни стилови и редовна вакцинација на возрасното население

На ден 07.03.2024 година во просториите на ЕСЕ беше одржана Работилница за размена на искуства pо однос на искуства од работата во заедниците и претставување на М-РИТЕ проектот. На работилницата учествуваа 11 претставници од седум граѓански организации и ЕСЕ. Три здруженија што учествуваа на работилницата беа активно вклучени во спроведувањето на М-РИТЕ проектот, во делот на спроведување на здравствена едукација за граѓаните по однос на здрави животни стилови и редовна вакцинација на возрасното население, а останатите четири имаа можност да се запознаат со начинот на спроведување на проектните активности за спроведување на здравствена едукација за граѓаните. На работилницата на граѓанските организации им беше презентирана методологијата на социо-бихејвиорална промена според која беа креирани содржините и активностите во рамки на М-РИТЕ проектот, вклучувајќи го делот за здравствена едукација на население, како и делот за континуирана медицинска едукација на здравствените работници. Претставници од Здружение ЕСЕ, како и од трите организации вклучени во проектните активности ги споделија искуствата од спроведувањето на проектот, како и предностите од користењето на методологијата за социо-бихејвиорална промена.

Read more...

Унапредување на менталното здравје и благосостојба преку застапување: Рамка за унапредување на менталното здравје базирана на човекови права

На 05 март, 2024 година ЕСЕ во соработка со Универзитетот од Севиља, Шпанија (програмата CESPYD) организираше и спроведе еднодневна обука на членките на COPASAH Europe мрежата. Обуката ја одржа Даниела Е. Миранда од Универзитетот од Севиља  (програмата CESPYD)  и истата се однесуваше на важноста од менталното здравје за ранливите групи на граѓани и можните последици што настануваат како резултат на влошувањето на менталното здравје. Дополнително, учесниците имаа можност да се запознаат и со можните пристапи и алатки за поддршка на ранливите групи на граѓани во идентификување и заштита на нарушувањето на менталното здравје. На обуката учествуваа 10 претставници на граѓански организации членки на COPASAH Europe мрежата од Северна Македонија, Романија, и Црна Гора.

Read more...

 

COPASAH Europe

Domestic Violence

Health Rights

Fiscal Transparency

Legal Aid Center

Health Information Centre