Association ESE

ESE

   Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women.

 

 

 

Учествуваме во подготовка на Извештај од функционалната анализа на Службите за имунизација во Република Северна Македонија

На ден 20.02.2024 година од страна на УНИЦЕФ беше организиран работен состанок за финализација на Извештајот од функционалната анализа на Службите за имунизација во Република Северна Македонија. Претставник од Здружение ЕСЕ е дел од експертскиот тим кој во периодот 2023 – 2024 година го спроведе истражувањето и го подготви извештајот од функционалната анализа. Работниот состанок беше одржан со цел да се разгледаат и дискутираат препораките добиени од страна на Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Националната комисија за имунизација по однос на подготвениот извештај. По одржаниот состанок, претставник од ЕСЕ во соработка со останатите експерти од Центарот за управување со политики направија дополнувања на извештајот. На 01.03.2024 година претставник на ЕСЕ заедно со претставник на УНИЦЕФ одржа состанок во одделот за вакцинација при ЈЗУ Здравствен дом – Железничар со цел да се увидат потребите на одделот за вакцинација и да се разгледа можноста за вклучување на наоди или препораки од овој здравствен дом во рамките на Извештајот од функционалната анализа на Службите за имунизација во Република Северна Македонија. На состанокот беше утврдено дека одделот за вакцинација има потреба од набавка на нов фрижидер за чување на вакцините, поради дефект на постоечкиот фрижидер. На состанокот не беа детектирани потреби или проблеми кои се разликуваат од веќе утврдените во рамките на извештајот од функционалната анализа.

Во партнерство со останати ГО работиме на унапредување на здравствените права на девојките, жените и ранливите групи

Проектот „Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи“ се спроведува во партнерство помеѓу граѓанските организации ХЕРА, Здружение ЕСЕ, Заедно посилни и Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари, со следните цели: 1) Да се зајакне учеството на граѓанското општество во развивањето на здравствените политики и буџети на Владата на Северна Македонија од интерес на ранливи групи граѓани; 2) Да се зголеми ефективноста и финансирањето на владините здравствени програми засновано на докази и според потребите на ранливите групи; и 3) Да се создаде поволна правна средина за граѓанските организации како национални даватели на здравствени услуги која придонесува кон поголема одржливост на услугите за ранливите групи. На 08.02.2024 година претставник на Здружение ЕСЕ учествуваше на координативен состанок на партнерските организации кои го спроведуваат проектот. На состанокот беа планирани наредните активности во рамки на проектот, вклучувајќи подготовка на прашалници за население, подготовка на прашања за барања за пристап до информации од јавен карактер, организирање на средби со донесувачите на одлуки, како и останати активности за координација помеѓу партнерските организации. Како дел од проектот ЕСЕ подготви два прашалници наменети за жени Ромки, и тоа прашалник за проценка на опфатот и квалитетот на услугите од програмата за скрининг на рак на грлото на матката и прашалник за проценка на опфатот и квалитетот на услугите од програмата за скрининг на рак дојката. Проектот се спроведува во рамки на ЦИВИКА МОБИЛИТАС - ПАРТНЕРСКИ ГРАНТОВИ, подржана од SDC – Швајцарската Агенција за развој и соработка и МЦМС – Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Учествуваме во работната група за подготовка на Националната стратегија за сексуално и репродуктивно здравје

На покана од страна на Министерството за здравство, претставник од Здружение ЕСЕ се вклучи воработната група за подготовка на Националната стратегија за сексуално и репродуктивно здравје. Првата средба на работната група беше одржана на 07.02.2024 година, на која беа договорени клучните цели и теми на стратегијата, како и форматот за подготовка на истата. По оваа средба претставник од ЕСЕ активно се вклучи во подготовка на активности во следните области од стратегијата: безбедно мајчинство, планирање на семејството и рана детекција на малигни заболувања. Втората работна средба на работната група се одржа на 22.03.2024 година, на која беа разгледани подготвените активности по области и беа договорени следните чекори во процесот на подготовка.

„За еднаков пристап до здравствена грижа“ - за унапредување на превенција и третман на малигни заболувања по повод на Меѓународниот ден за борба против карциномот

По повод Меѓународниот ден за борба против карциномот на 04.02.2024 во организација на Roche – Македонија беше организирана работна средба со граѓански организации. Целта на средбата беше да се утврдат предизвиците и проблемите со кои се среќаваат граѓаните во пристапот до здравствените услуги за превенција, скрининг, дијагностика и терапија за малигни заболувања. Координаторот на програмата за јавно здравје на Здружение ЕСЕ учествуваше на работната средба, при што ги истакна бариерите со кои се соочуваат жените во однос на пристапот до здравствените услуги за скрининг на рак на грлото на матката и ракот на дојката. Учесниците на работната средба креираа дрво на проблеми, што треба да претставува основа за идно заедничко делување на граѓанските организации со цел да се унапреди достапноста и пристапот до здравствените услуги за скрининг, дијагностика и терапија на малигните заболувања за граѓаните на Р. С. Македонија.

Read more...

Ги обучуваме здравствените работници за здрав стил на живеење, редовна вакцинација и вакцинација за КОВИД-19

Во периодот јануари  - февруари 2024 година Здружение ЕСЕ спроведе две обуки наменети за здравствени работници (доктори, фармацевти и медицински сестри) на тема „Здрав стил на живеење, редовна вакцинација и вакцинација за КОВИД-19“. Првата обука беше организирана во Прилеп на 31.01.2024 година, додека втората обука беше организирана во Куманово на 01.02.2024 година. На двете обуки учество земаа вкупно 42 здравствени работници вклучувајќи лекари, фармацевти и медицински сестри од Куманово, Прилеп, Битола, Демир Хисар и Македонски Брод. Обуките имаат за цел да ги унапредат знаењата на здравствените работници за здравите стилови на живеење како начин за превенција на заболувањата, да ги унапредат нивните знаења по однос на вакцинацијата на возрасното население, вклучувајќи ги вакцините за Ковид-19, грип и тетанус, како и да ги унапредат вештините на здравствените работници за обезбедување на квалитетна услуга на пациентите. Обуката е акредитирана во рамките на процесот за Континуирана медицинска едукација во Лекарската и Фармацевтската комора на Р. С. Македонија.  Обуките за здравствени работници се спроведуваат во рамки на меѓународниот проект на УСАИД М-РИТЕ (MOMENTUM Routine Immunization Transformation and Equity), кој во Македонија го спроведува Здружение ЕСЕ.

Read more...

 

COPASAH Europe

Domestic Violence

Health Rights

Fiscal Transparency

Legal Aid Center

Health Information Centre