Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Министерство за здравство на РМ

 

2013 година

 

Случај бр. 1

На кој начин Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата придонесува кон остварување на Милениумските развојни цели (намалување на смртноста кај децата за 2/3 и намалување на смртноста кај мајките за 3/4)? Наведете индикатори со кои ќе ги покажете промените во периодот од 2010 до 2013 година

 Барање               Жалба             Одговор

Случај бр. 2

Доставете ни копии од сите одлуки за пренамена на средства од Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата, по други ставки во буџетот на Министерството за здравство, донесени во периодот од 01 јануари до 31 декември, а за кои не е потребно одобрение од Собранието на РМ (одлуки донесени самостојно од Министерството за здравство, одлуки одобрени од Министерството за финансии и Владата на РМ)

Барање               Жалба             Одговор

Случај бр. 3

Доставете ни копија од апликацијата која Министерството за здравство ја достави до Холандската Влада за отпочнување на постапка за добивање на ОРИО грантот. (под апликација се мисли апликација која опфаќа опис на активностите и буџетот на сите три фази од грантот)

Барање               Жалба             Одговор

Случај бр. 4

Доставете ни копија од договорот потпишан со Холандската Влада за одобрување на користење на средствата од ОРИО грантот

Барање               Жалба             Одговор

Случај бр. 5

Доставете ни копија од извештаите за извршени активности и реализирани средства кои, во текот на спроведувањето на развојната фаза од ОРИО грантот, Министерството за здравство ги има доставено до Холандската Влада

Барање               Жалба             Одговор

Случај бр. 6

Доставете ни копија од извод од буџетската сметка на донации и грантови за периодот од 01 јануари до 31 декември 2013 година

Барање               Жалба             Одговор

Случај бр. 7

Колку средства Министерството за здравство доби од Холандската Влада на име на ОРИО грантот во периодот од 01 јануари до 31 декември 2013 година? Воедно прецизирајте на кој начин се распределени добиените средства во буџетот на Министерството за здравство (колку средства од вкупните за која намена се потрошени)

Барање               Жалба             Одговор

Случај бр. 8

Доставете ни копија од извештаите за реализација на активностите од Акцискиот план на Стратегијата за безбедно мајчинство за 2012 и 2013 година

Барање               Жалба             Одговор

Случај бр. 9

Доставете ни копија од извештаите за реализација на активностите од Акцискиот план на Стратегијата за сексуално и репродуктивно здравје за 2012 и 2013 година

Барање               Жалба             Одговор

Случај бр. 10

Доставете ни копија од годишниот извештај за програмска реализација на Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата за 2013 година

Барање               Жалба             Одговор