Association ESE

ESE

   Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women.

 

 

 

Став на Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост за новиот Закон за работните односи

http://mzd.mk/mk/vesti/stav_zro/

Од 2018 година, Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост континуирано го следат процесот на изготвување на новиот текст на Законот за работните односи. Имајќи ги предвид најновите случувања и јавните расправи за текстот на Законот, организирани од Министерството за труд и социјална политика во повеќе градови во државата, одлучивме заеднички да реагираме за неколку клучни аспекти во целокупниот процес и за текстот на законот.

Најпрво, го поздравуваме тоа што новиот Закон за работните односи за првпат зборува за платено мајчинско, татковско и родителско отсуство.  Вака регулираното родителско отсуство ќе биде од особено значење за раниот развој на детето и сметаме дека ќе придонесе и кон системски промени за унапредување  на родовата еднаквост. Платеното родителско отсуство за татковцитe и за мајките дава вистинска предност за работните семејства и овозможува порамномерна распределба на домашните обврски и грижата за децата, а со тоа и можност за  поеднаква распределба на одговорностите во иднина и влијание на одлуките на родителите за тоа како да ги распределат ресурсите за згрижување деца, домашна работа и платена работа во подоцнежните години. Промовирањето подобри политики за родителско отсуство ширум светот – и охрабрувањето на татковците да ги искористат тие политики – се клучни за благосостојбата на семејството и на пошироката заедница. Меѓутоа, неопходно е допрецизирање на ваквите законски измени, односно, Законот да предвиди дека правото на отсуство поради бременост и родителство се исплаќа во целост (100% од платата) на товар на Фондот за здравствено осигурување. Таквото допрецизирање е потребно за да се спречат основи за дискриминација на кандидати и кандидаткипри вклучување на пазарот на трудот и нивно ставање во понеповолна положба поради користење на ова законско овозможено право.

Read more...

Итно да се зголеми буџетот за скрининг, годишно во Македонија умираат 40 жени од рак на грлото на матката

Гостување на Координаторот на Програмата за јавно здравје и здравје на жените на Слободен печат – Слободна ТВ, на која без изнесени барањата на Здружение ЕСЕ за зголемување на буџетот на Програмата за рана детекција на малигни заболувања, како и барања за унапредување на опфатот на жените со Програмата за скрининг на ракот на грлото на матката. Воедно при гостувањето, Координаторот ги изнесе и наодите од истражувањето на ЕСЕ, кои се однесуваат на бариерите со кои се соочуваат ранливите групи на жени  во однос на пристапот до услугите за скрининг на рак на грлото на матката.

https://www.slobodenpecat.mk/video-borjan-pavlovski-ese-itno-da-se-zgolemi-budzhetot-za-skrining-godishno-vo-makedonija-umiraat-40-zheni-od-rak-na-grloto-na-matkata/

Read more...

Соопштение за јавност - Во Северна Македонија се уште не постои организиран скрининг за рак на грлото на матката

Во месец јануари посветен за борба против ракот на грлото на матката, потсетуваме дека Владата го намали буџетот за Програмата за рана детекција на малигни заболувања за 2023 година за 2 милиони денари во однос на 2022 година. На крајот од месец јануари Програмата за рана детекција на малигни заболувања се уште не е објавена во Службен Весник на РСМ, што значи дека се уште не се знаат ниту планираните активности, ниту целната возрасна група на жени кои треба да бидат опфатени со скринингот.

Во Северна Македонија, секоја година умираат околу 40 жени од рак на грлото на матката, додека над 350 жени годишно се лекуваат на Универзитетската клиника за онкологија и се подложени на агресивни третмани со хемотерапија и зрачење поради тоа што болеста е откриена во напредна фаза. Поразително е сознанието дека сите овие смртни случаи и лекување со агресивни третмани може да се спречат, доколку промените бидат навремено откриени. Но државата наместо да ги зголемува финансиските средства и да го зголемува опфатот на жените со програмата  за скрининг на ракот на грлото на матката, бележиме кратење на буџетските средства за оваа намена.

Поради недоволните буџетски средства и несоодветната организираност во 2021 година со скрининг на рак на грло на матката опфатени се само 22% од жените од целната возрасна група, што е многу далеку од опфатот во државите на Европската Унија кој изнесува над 75% од жените.

Во 2022 година Министерството за здравство го укина праќањето на покани до жените за да направат гинеколошки преглед со ПАП тест и ја воведе интернет платформата skrining.mk за жените сами да се пријавуваат за преглед со ПАП тест. Но се поставува прашањето дали оваа мерка претставува унапредување или уназадување на Програмата за скрининг. Согласно на изјавите од Министерството за здравство во 2022 година на само 12 194 жени им е направен ПАП тест по пат на закажан преглед преку интернет платформата, што претствавува само 10% од целната возрасна група.

Read more...

СООПШТЕНИЕ: Граѓанскиот сектор алармира за односот на Владата кон граѓанското општество

https://zp.mk/blog/2023/01/30/soopshtenie-gra%d1%93anskiot-sektor-alarmira-za-odnosot-na-vladata-kon-gra%d1%93anskoto-opshtestvo/

Скопје, 30 јануари, 2023 г. – Граѓанските организации кои се дел од Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како избрани претставници на граѓанскиот сектор, искажуваат силен револт од односот на Владата кон Советот и воопшто кон граѓанското општество. За таа цел, бараме од Претседателот на Владата г-динот Димитар Ковачевски да оствари средба со претставници на граѓанските организации од Советот на која очекуваме да ја појасни политиката на Владата кон граѓанското општество, да се постигне согласност за претходно покренатите проблематични прашања и вистински да се возобнови дијалогот кој беше воспоставен во изминатите години.

Ние, членовите на Советот за соработка од редот на граѓанските организации, констатираме дека во изминатата година работењето на Советот беше оневозможено преку владиното игнорирање на клучните негови препораки и заклучоци, што е основна негова надлежност како советодавно тело на Владата. Неколкуте обиди да се воспостави директна комуникација, а воедно и средба со Претседателот на Владата и со претставници од Владата за да се дискутира за  суштински прашања што го засегаат функционирањето на граѓанското општество досега беа оставени без одговор.

Read more...

Повик за ангажирање на четири креатори на содржини на социјални медиуми

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЧЕТИРИ КРЕАТОРИ НА СОДРЖИНИ НА СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ е граѓанска организација, основана во 1994 година. Работиме на локално, национално и во регионот на Централна и Југоисточна Европа во соработка со партнерски граѓански организации работиме на подобрување на имплементацијата на социјалните и економски права на ранливите групи на граѓани, преку нивно зајакнување, мобилизирање и вклучување во планирањето, спроведувањето и оценувањето на јавните политики и услуги; обезбедување на еднаков пристап до правда и унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права. Овие три стратегиски приоритети ги одразуваат нашите верувања дека социјалните и економските права треба да бидат највисок приоритет на државата и дека нивното спроведување треба да се темели на интересите и потребите на граѓаните, според принципот за распределба на максимални расположливи ресурси, прогресивно остварување на правата и недискриминација.

Како дел од Здружението ЕСЕ, функционира социјалното претпријатие ПОГОН (www.pogon.mk), за чиј развој се објавува овој повик. ПОГОН е социјално претпријатие основано во август 2020 година од Здружението ЕСЕ.

Read more...

 

COPASAH Europe

Domestic Violence

Health Rights

Fiscal Transparency

Legal Aid Center

Health Information Centre