Association ESE

ESE

   Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women.

 

 

 

Усвоен шестиот по ред Национален Акциски план за партнерство за отворена власт 2024-2026 година

Владата на Република Северна Македонија на 7-та седница одржана на 27 февруари, 2024 година ја разгледа и усвои Информацијата за Национален Акциски план за Партнерство за отворена власт со Предлог национален Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 и го разгледа и прифати Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година.

Новиот акциски план во делот Отворена влада содржи 15 заложби и 57 достигнувања распределени во пет приоритетни области и тоа: борба против корупцијата, партиципативно донесување одлуки и граѓанско учество, правно зајакнување и пристап до правда, развој и користење на дигитални технологии и унапредување на активностите за климатски промени. Освен делот за Отворена влада, овој акциски план содржи и посебни делови за Отворен парламент и Отворено судство, почитувајќи ја независноста на работата на законодавната и судската власт како посебна власт во Република Северна Македонија.

Здружението ЕСЕ, го координираше процесот на ко-креирање на заложбите во областите “Партиципативно донесување на одлуки” и ”Пристап до правда” и предложи четири заложби што беа усвоени од Владата.  Усвоените заложби ќе се спроведуваат во партнерство со надлежните институции во наредните две години.

Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 е достапен на следниот линк:

https://ovp.gov.mk/wp-content/uploads/2024/02/6.-НОВО-Предлог-НАП-ПОВ-2024-2026-за-Влада.pdf

Во врска со нацрт Финалниот извештај за само-оценка за статусот на имплементација на Националниот акциски план за ПОВ 2021-2023 година (нацрт Финален извештај), подготвен согласно членот 13 од Решението за формирање на работна група со сите чинители за спроведување на НАП за ПОВ 2021-2023, односно врз основа на податоците добиени од  координаторите на заложби (по пат на електронска пошта како соодветна замена во услови на технички пречки за внес на податоци на порталот за ПОВ), Советот за ПОВ по барање на претставниците од граѓанските организации-членови на Советот за ПОВ го одложи од разгледување нацрт Финалниот извештај и донесе заклучок истиот да биде доставен до работните групи по заложби со цел претставниците од граѓанските организации-членови на работните групи да се произнесат по информациите и статусот на реализација содржани во нацрт Финалниот извештај. Дополнително, Советот за ПОВ формираше работна група со претставници од Советот за ПОВ која по добиените коментари и сугестии по нацрт Финалниот извештај од претставниците од граѓанските организации -членови на работните групи најдоцна до 7 март 2024 година ќе изврши увид и ќе го утврди  текстот на нацрт Финалниот извештај кој ќе биде доставен на разгледување до Советот за ПОВ и Владата на Република Северна Македонија.

 Повеќе информации за седницата можете да добиете на следниот линк: 

https://ovp.gov.mk/совет-за-овп/седници/

 

 

COPASAH Europe

Domestic Violence

Health Rights

Fiscal Transparency

Legal Aid Center

Health Information Centre